Author: Ivana
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се избори за пласман во финалето на Австралија Опен. Надал во полуфиналето го победи италијанскиот тенисер Матео Беретини со 3:1 во сетови 6:3, 6:2, 3:6 и 6:3. Во финалето Надал ќе го чека подобриот меч од в торото полуфинале во кое ќе се сретнаат Данил Медведев и Стефанос Циципас.
Димитар Ковачевски е премиер на РС Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада. Ова укажува на желба да се заврши работата. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи на прашања од пратеници за двете средби со македонскиот премиер, објави БГНЕС. – Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа, рече Петков.…
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска ќе ја прими претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, а на средбата ќе се разговара за продлабочување на економската соработка меѓу Република Српска и Република Северна Македонија, со чија Комора (Стопанска комора на Република Српска) има одлични односи во делот на соработката на бизнис-асоцијациите од поранешна Југославија, каде што членуваат двете Комори, и двете со традиција од еден век постоење. Како значаен сервис на стопанството, посветени на создавањето поповолен бизнис и на промовирањето економски капацитет и потенцијал за меѓусебна соработка, коморите од Северна Македонија и од Република Српска имаат потенцијал…
Мачорот Брош, во сопственост на семејство од Дњепар во Украина, минал половина час во машина при перење и – преживеал. Сопствениците објаснуваат дека мачорот обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сив како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога таа била вклучена. Ова е објавено на Фејсбук-страницата на тамошната ветеринарна клиника „На рабочаја“. Според познавачите, не треба да се експериментира дома со вакво нешто. Вработените во клиниката сведочат дека при прегледот откриле дека по 30 минути вртење во машината, животното имало ниска температура и отежнато дишење во белите дробови. Очите му биле подзатворени поради пената, а…
Зимските олимписки игри во Пекинг се историски за Тетово бидејќи по прв пат тетовец ќе настапува на најпрестижното натпреварување во зимски спортови. Tоа му успеа на скијачот во алпски дисциплини Дардан Дехари, кој на Олимпијадата ќе настапи на 13 и 16 февруари на трките во слалом и велеслалом. Дардан е роден во 1990 година во Тетово, а скијањето го научил како дете уште на четири години на блискиот скијачки центар Попова Шапка. Во разговор за МИА, Дехари сподели дека на овој начин му се исполнува најголемата желба да учествува на зимските олимписки игри што му претставува и голема лична сатисфакција за…
Постарите ученици во Полска се враќаат на учење од далечина откако земјата објави рекорден пораст на случаи на новозаразени со коронавирус, втор ден по ред. Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 57.659, соопшти Министерството за здравство. Во истиот период во Полска, која има 38 милиони жители, починале 262 лица. Министерството за образование им наложи на учениците од петто одделение и погорните класови да останат дома. Првично предвиденото времетраење на мерката е еден месец. Полските власти, исто така, почнаа да обезбедуваат бесплатни тестови за коронавирус. Досега има 64 аптеки низ државата во кои граѓаните можат да ги…
Италијанскиот Парламент денеска, во петти обид, ќе се ангажира да избере нов претседател. Премиерот Марио Драги се уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не сакаат да го поддржат, стравувајќи дека каква било промена на владата може да предизвика предвремени избори. Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, им рече на новинарите дека пред гласањето ќе им предложи на партиите на левиот центар неколку непартиски фигури кои имаат углед и на домашно и на меѓународно ниво. – Убеден сум дека утре ќе биде победнички ден, рече тој синоќа. Поранешниот премиер Матео Ренци, кој…
По доставеното барање од опозициската СИРИЗА, попладнево, во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање недоверба на Владата, а гласањето ќе се одржи во недела навечер, јави дописничката на МИА од Атина. За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкиот Парламент, а во моментов владата на Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство. Согласно грчкиот Устав и Деловникот на Парламентот, расправата трае три дена, завршува најдоцна на полноќ на третиот ден, а во случај на отфрлање и неизгласување на предлогот за недоверба,…
Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ја заокружи мини-турнејата што опфати настапи со една од најголемите музички ѕвезди, легендарниот виолинист Максим Венгеров на најпрестижните светски музички сцени. По исклучителните концерти во лондонската сала „Барбикан“ и њујоршката „Карнеги хол“, синоќа двајцата уметници ја одушевија и француската публика на концертот во салата на Париската филхармонија, изведувајќи дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел. И овој пат на долготрајните аплаузи и стоечките овации, тандемот Венгеров – Трпчески возврати со три изведби на бис. Прославениот виолинист Максим Венгеров, добитник и на наградата „Греми“, Во изјава за МРТ ја истакна извонредната соработка со македонскииот…
Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов (03.02.1936 – 25.01.2022) денеска ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет. Организатор на комеморацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ. Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот. Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 85-годишна возраст. Тој беше истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето…
Бугарскиот премиер Кирил Петков днеска ќе реферира пред пратениците во Народното собрание на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, реферирањето на Петков е на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на денешното собраниското пленарно заседание. Петков и премиерот Димитар Ковачевски по заедничката седница на двете влади во Софија оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот…
За не повеќе од еден месец претседателот Стево Пендаровски оди во официјална посета на Софија каде ќе се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев, со цел двајцата шефови на држави да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји. Шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, идната седмица патуваат во Брисел и Париз, за да го објаснат новиот пристап со Бугарија за да може да видат дали може да се вклопи во планот за француското претседателство. Пендаровски истакна дека ќе се обиде да даде и личен придонес во процесот, зашто смета…