Author: НОВА ТВ Balaban

Целта на ваквaте одлука е да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи, кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението, да се спречи натамошно нарушувања на пазарот и да се отстранат штетните последици во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи. Владата вчера донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката, која почна да се применува од 6 декември 2021, за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8,…

Read More

Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија најостро ги осудува последните закани упатени кон државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. – Заканите упатени кон него, како највисок во јавнообвинителската хиерархија, претставуваат закана кон целата институција и сите носители на јавно обвинителската функција. Ваквите закани од било каде и од било кого да доаѓаат, најблаго речено се нецивилизациски чин. Истите се во спротивност со сите меѓународни акти и востановени стандарди за функционирањето на Јавното обвинителство во секоја правна држава, се наведува во соопштението од Здружението на јавните обвинители. Оттаму посочуваат дека Јавното обвинителство како институција има интегритет и сила, преку носителите…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27 јануари) од 8 до 12 часот, спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила, од кои 22 имале неисправен уред за запирање, 6 неисправен уред за управување итн. Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат…

Read More

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за опртеделување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Read More

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, 39-годишниот гостиварец, на 13.04.2021 година, управувал автомобил БМВ на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар. Кога се приближил кон раскрсницата со улицата „Гаве Лазарески“, започнал да се движи со возилото наназад, без да се увери дали со таквото дејствие ги попречува или загрозува останатите учесници во сообраќајот. Со задниот дел…

Read More

На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија  ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски,  заедно со неговиот тим од клиниката. –  Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт од починат донор. Пациентот постоперативно се чувствува одлично и пред него е период…

Read More

Главниот резултат од бугарско-македонските разговори е дека има договор за договор. Климата на билатералните односи се менува и сега постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствен начин да се направи тоа се меѓувладините преговори, изјави Ќучуков. „Политички, Бугарија падна во целосна изолација во ЕУ. Ја изгубивме сета наша предност како членка, притисокот од кандидатот-членка го пренасочивме кон нас. Ја презедовме улогата на „згодниот грешник“. Ова за „Твој ден“ го изјави Љубомир Ќучуков од Институтот за меѓународни односи, пренесува fakti.bg Toj е и поранешен бугарски заменик-министер за надворешни работи. Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Македонија,…

Read More

Министерството за внатрешни работи вчера (27.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци. Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и…

Read More

Советот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) донесе одлука за започнување пристапни преговори со шест земји кандидати – Хрватска, Бугарија, Романија, Аргентина, Бразил и Перу. Одлуката за зголемување на бројот на членови е донесена по внимателно разгледување на напредокот на шестте земји од нивните први апликации за членство, соопшти ОЕЦД, организација која сега има 38 членки. Како што се наведува, сега ќе се добиваат патокази за секој кандидат, под услов тие земји да ја потврдат својата посветеност на вредностите, визијата и приоритетите од Изјавата за визија на ОЕЦД по повод 60-годишнината и Декларацијата на Советот на министри усвоена…

Read More

Романија постави апсолутен рекорд на нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, објавија локалните медиуми. Група за стратешки комуникации соопшти дека бројот на нови случаи за едно деноноќие изнесува 34.255. Во земјата вчера, исто така, беше постигнат рекорд од 19.685 новозаразени. Во изминатите 24 часа се пријавени 94 смртни случаи како последица на коронавирусот. Во Хрватска, неофицијално, во изминатите 24 часа е забележан нов црн рекорд според бројот на заразени – вкупно 18.517 лица. Последен пат најмногу инфицирани случаи биле регистрирани на 20 јануари – 17.489. Според хрватските медиуми, 11.812 новозаболени лица биле потврдени на ПЦР тестови, а 6.705…

Read More

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој е и последниот бугарски цар Симеон Втори, го поддржува пристапот на актуелниот претседател на Владата, Кирил Петков, за евроинтеграцијата на Македонија. Тој бара прагматизам, а не црвени линии. – Се сеќавам дека д-р Жељу Желев, вечна му слава, беше првиот којшто тогаш ја призна Република Македонија. Значи, веќе имаме многу позитивен преседан. Сега, во ваков момент за Европа, навистина е многу важно да им дадеме поттик на тие две држави (Македонија и Албанија – н.з.). Така што, мора да се покаже прагматичност, изјави во интервју за весникот „24 часа“, Сакскобурготски. Тој додава дека „како…

Read More

Две третини од луѓето во Британија, кои неодамна се заразиле со сојот омикрон, веќе биле позитивни на коронавирус, покажуваат резултатите од најновото британско истражување. Речиси двајца од секој трет испитаник кои биле позитивни на тестот за Ковид-19, пријавиле дека претходно прележале коронавирус, според студијата на REACT, пишува „Гардијан“. – Меѓу 3.582 лица со позитивен тест, 2.315 (64,6 проценти) пријавиле претходна инфекција со Ковид-19, се наведува во студијата. Утврдено е дека ризикот од инфекција се зголемува кај луѓето кои живеат во големи домаќинства, во споредба со домаќинствата со едно лице. Истражувачкиот тим на REACT тестираше 1.000 волонтери низ Англија.

Read More