Главниот резултат од бугарско-македонските разговори е дека има договор за договор. Климата на билатералните односи се менува и сега постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствен начин да се направи тоа се меѓувладините преговори, изјави Ќучуков.

„Политички, Бугарија падна во целосна изолација во ЕУ. Ја изгубивме сета наша предност како членка, притисокот од кандидатот-членка го пренасочивме кон нас. Ја презедовме улогата на „згодниот грешник“. Ова за „Твој ден“ го изјави Љубомир Ќучуков од Институтот за меѓународни односи, пренесува fakti.bg

Toj е и поранешен бугарски заменик-министер за надворешни работи.

Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и од општеството. „Може да испадне дека со сегашната акумулација на негативност, изнаоѓањето политички договор ќе  трае помалку, отколку обезбедувањето домашна поддршка во Софија и во Скопје, рече тој.

Ќучуков нагласува дека довербата е клучен услов во преговорите.

„Интересно е што најсериозните противници на договорот се две партии со исто име во двете земји – ВМРО. Последнава година Бугарија излезе од кружната одбрана и ја пушти рамката на која сега се работи“, објасни Ќучуков.

А спорот, додава Ќучуков, „стана тркачка патека за патриотизам“.

„Главниот резултат од бугарско-македонските разговори е дека има договор за договор, климата на билатералните односи се менува и сега постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствен начин да се направи тоа се меѓувладините преговори“, рече тој.