Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Владата на својата четврта седница го донесе Решението за назначување на ко-претседавачи и членови во Заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Бугарија на нашата земја. За ко-претседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за економија, трговија и иновации се назначени Фатмир Битиќи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, а за членови се определени Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, а…
Засега, нема информации за возачот Ј.Ѓ – дали тој е приведен во полиција откако на пешачки премин кај Сити Мол ја усмртил 25-годишната девојка В.Н., а тешко го повредил нејзиниот сограѓанин на иста возраст, Л.Д. Едно лице го загуби животот вечерва во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото. Полицијата врши увид на…
Владата на Република Северна Македонија на денешната четврта седница донесе Одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Со оваа одлука дополнителните количини на топлинска енергија ќе се обезбедат од домашно производство со склучување договори за уредување на меѓусебните односи помеѓу вршителите на енергетските дејности на пазарите на енергија и тоа договори за деловна техничка соработка помеѓу Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје, Друштво за производство на топлинска енергија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, Друштво за дистрибуција на топлинска енергија…
Ние веќе во Уставот имаме заедници, доколку граѓани коишто имаат свое друго определување, а тоа веќе го побараа, Црногорците, Хрватите и граѓаните кои што се определуваат како Бугари, тогаш тоа барање е легитимно да биде дел од процесот за внесување во Уставот. Јас секогаш сум ги поддржувал правата на сите помали заедници, рече Ковачевски Јас се надевам дека во јуни и јули ќе имаме многу подобри односи со Бугарија и дека ќе бидеме на чекор до решавање на отворените прашања што ги имаме, истакна премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека пред средбата со неговиот бугарскиот колега Кирил Петков односите меѓу двете…
Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со компанијата Рио Тинто и нејзината „ќерка компанија“ Рио Сава Експлорејшн. – Поништени се сите решенија, сите дозволи, изави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција. Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и „се стави крај на Рио Тинто во Србија“. – Со ова…
Во сообраќајна несреќа кај Сити Мол во Скопје вечерва загина 24-годишна девојка, потврди МВР. Порталот „А1он“ претходно објави дека додека преминувала на пешачки премин во девојката удрило возило марка „тојота“, а од ударот таа била отфрлена неколку метри, со што се здобила со смртоносни повреди. Неофицијално, автомобилот кој ја прегазил претекнувал друго возило, кое застанало на пешачкиот премин. Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата. Според полицијата, во девојката удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22).
Тој најави дека утре ќе разговара со Стопанската комора и бизнисите кои негодуваат на овој Закон, донесен низ социјален дијалог во кој беа вклучени сите социјални партнери. Стојам на ставот дека секој вработен заслужува еден ден во неделата да биде со своето семејство. Јас сум на страната на работниците кои заслужуваат недела да им биде неработен ден, да може да го поминат со децата, со семејствата и да имаат слободно време во кое ќе се посветат на нив. Ова вечерва го соопшти премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5. Премиерот потсети дека недела – неработен ден е донесен низ…
Јас не се врзувам за датуми и кажав дека сум рационален оптимист, што значи работам да се оствари нашата соработка. Имам пристап дека треба брзо да стигнеме до решение, но никако да не избрзуваме. Квалитетно решение во кое ќе се задржи достоинството на македонските и бугарските граѓани и ќе биде донесено во духот на европските вредности, согласно правилата на ЕУ, потенцира Ковачевски „Успешноста на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков ја гледам во новиот тон и начин на комуникација, кој ги испративме преку неа, бидејќи средбата помина во еден позитивен дух каде разговаравме за надминување на проблемите. Доминантно разговаравме на…
Јас сум човек кој е подготвен да се соочи со предизвици и подготвен да преземе одговорност, истакна во интервју за Канал 5 телевизија, премиерот Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ во одговор на прашање околу неговите мотиви да ги преземе фунцкиите претседател на СДСМ и претседател на Владата. Говорејќи за својата богата кариера и искуство, лидерот на СДСМ обелодени и колку време планира да биде на премиерската позиција на Македонија. – Мислам 12 години да бидам премиер. Човек треба да биде амбициозен кога работи, истакна кусо Ковачевски. Во врска со барањата на ВМРО ДПМНЕ за избори тој рече дека се…
Мојата биографија е достапна на интернет, достапна е на Универзитетот каде што работам, достапна е во компаниите каде што работам повеќе од 10 години, јас сум магистрирал на Универзитетот во Скопје тоа се гледа во биографијата и потоа докторирав на Универзитетот во Црна Гора“ посочи претседателот Ковачевски. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 телевизија вечерва порача дека од првиот ден уште кога станал кандидат за претседател на СДСМ, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле објавувани лаги и невистини во однос на неговата кариера, што зборува за нивното ниво и капацитет на комуникација, соопштија од СДСМ. „Од првиот…
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток) Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година. Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а…
Позитивен е од 18.01.2022, прв преглед направен ден претходно кога одбивал хоспитализација, во тешка општа состојба со ниска сатурација. На негово барање примен во дневна болница на 18.01., но поради екстремно тешка состојба задржан вечерта во болница, дадена соодветна терапија и кислородна поддршка. Биле преземени реанимациски мерки, но пациентот почина денес во раните утрински часови, се вели во соопштението на Министерството за здравство Министерството за здравство информираше дека 32-годишниот битолчанец, кој денеска почина од ковид-19, и покрај тоа што бил во тешка состојба, одбил да биде хоспитализиран, а имал хронично заболување и не бил вакциниран. Тој имал заболување на црниот…