Во сообраќајна несреќа кај Сити Мол во Скопје вечерва загина 24-годишна девојка, потврди МВР.  

Порталот „А1он“ претходно објави дека додека преминувала на пешачки премин во девојката удрило возило марка „тојота“, а од ударот таа била отфрлена  неколку метри, со што се здобила со смртоносни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја прегазил претекнувал друго возило, кое  застанало на пешачкиот премин. Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата.

Според полицијата, во девојката удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22).