Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Успешноста на средбата со премиерот Петков ја гледам во новиот тон и пристап, треба брзо да стигнеме до решение, но никако да избрзуваме

0
By НОВА ТВ Balaban on January 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 20:42
Јас не се врзувам за датуми и кажав дека сум рационален оптимист, што значи работам да се оствари нашата соработка. Имам пристап дека треба брзо да стигнеме до решение, но никако да не избрзуваме. Квалитетно решение во кое ќе се задржи достоинството на македонските и бугарските граѓани и ќе биде донесено во духот на европските вредности, согласно правилата на ЕУ, потенцира Ковачевски
„Успешноста на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков ја гледам во новиот тон и начин на комуникација, кој ги испративме преку неа, бидејќи средбата помина во еден позитивен дух каде разговаравме за надминување на проблемите. Доминантно разговаравме на кој начин да ја вратиме довербата“, нагласи премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, по однос на прашањето на вчерашната средба при посетата на неговиот бугарски колега Петков.
Притоа, тој подвлече дека во насока на добри соседски односи и надградување на заеднички проекти ќе се вклучат институции, претставници на деловните заедници,  на универзитетите, младинските организации и претставници на други здруженија. и експерти од фелата во соодветната област, кои во заеднички работни групи ќе ги унапредуваат односите во областа на економијата трговијата, инфраструктурата, иновациите и образованието и заеднички ќе известуваат за постигнатите резултати.
„Јас не се врзувам за датуми и кажав дека сум рационален оптимист, што значи работам да се оствари нашата соработка. Имам пристап дека треба брзо да стигнеме до решение, но никако да избрзуваме. Квалитетно решение во кое ќе се задржи достоинството на македонските и бугарските граѓани и ќе биде донесено во духот на европските вредности, согласно правилата на ЕУ, потенцира Ковачевски, најавувајќи дека ќе предводи владина делегација на 25 јануари во вторник во Софија каде ќе се реализира меѓувладина седница со премиерот Кирил Петков кој ќе ја предводи владината делегација на Република Бугарија.
„За јазикот и идентитетот не се приговара. Ништо не се прави позади грб. Затоа постојат разговори. Без да се допира во интересите на македонската и бугарската држава и согласно Резолуцијата во нашето Собрание“, вели премиерот Ковачевски за решавање на спорот со Бугарија, оценувајќи ја како позитивен исчекор средбата со неговиот бугарски колега, Кирил Петков.
Димитар Ковачевски емисијата „Само интервју“ Кирил Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.