Засега, нема информации за возачот Ј.Ѓ – дали тој е приведен во полиција откако на пешачки премин кај Сити Мол ја усмртил 25-годишната девојка В.Н., а тешко го повредил нејзиниот сограѓанин на иста возраст, Л.Д. 

Едно лице го загуби животот вечерва во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.