Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Скандалозните одлуки на градоначaлничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, продолжуваат на директна штета на граѓаните на Град Скопје. За само десет дена, Арсовска го менува директорот на ЈП „Градски Паркинг“, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Новиот директор на Јавното претпријатие, Бојан Христовски, е контраразузнавач, поранешен припадник на Управата за безбедност и контраразузнавање кој нема добиено безбедносен сертификат за да може да се префрли во Агенцијата за национална безбедност, изјави денеска на прес-конференција, Мартин Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје. Тој додаде дека „неговиот татко пак, бил учесник на протестите и насилниот упад во Собранието на крвавиот четврток, на 27 април“.…
Сашо Мијалков, еден од обвинетите во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ кој бил заболен од коронавирус, денеска не дојде на рочиштето кое се одложи поради отсуство и на тројца адвокати кои, исто така, биле заразени со ковид-19. Само бизнисменот Јордан Камчев се појави во судницата на рочиштето за овој предмет, а ова е негово прво појавување во јавноста, откако тој и Мијалков беа ослободени од притвор пред Нова година. Според известување од адвокатите на Мијалков, тој од 10 јануари е во изолација, мерка изречена од ДЗСИ. Освен Мијалков, инфекција со ковид-19 пријавиле и тројца адвокати: Петар Василев, адвокатот на Мијалков,…
Изведбата на студијата и практичната примена на наодите од истата, директно ќе доведе до подобрување на процесот на одведување на отпадните води во град Скопје, заштита на животната средина и исполнување на еден од условите за функционалноста на ПСОВ – Скопје. Со потпишувањето на грантот од 1 милион евра, обезбедени од фондот на ЕБОР – канцеларијата во Шведска во рамките на програмата за животна средина, ЈП Водовод и канализација – Скопје започна со теренски активности за испитување на влез на вода и инфилтрација (Inflow and Infiltration Study), во канализационата мрежа на градот, во рамките на проектот за изградба на Пречистителна…
Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску, според бројот на купени пакетчиња е и Општина Прилеп со 3.030. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, односно околу 10.000 евра потрошил Град Скопје, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации. Државните институции и општините за купување новогодишни пакетчиња за децата потрошиле 72 илјади евра. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки, бидејќи вредноста на набавките…
Синоќа (13./14.01.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Охрид, 26 на територија на СВР Тетово, 22 на територија на СВР Скопје… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци…
Заболените се од 15 центри за јавно здравје во земјата, во Дебар – 156, во Тетово – 78, во Гостивар – 62, во Кавадарци – 42, во Куманово – 29, во Велес и Скопје – по 27, во Охрид – 24. Најчесто се заразуваат деца до 4 години, а вирусот на грип најмногу се шири во Дебар Се зголемува бројот на заболени од грип во земјава и тоа за дури 26 пати во текот на првата недела од 2022 година (03-09.01.2022), споредено со првата недела од минатата сезона и пријавени се 470 случаи на групни пријави за заболени од грип/…
Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус 7 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени. До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури утре ќе се движат од минус 13 до минус 3 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус 7 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник…
Почетокот на натпреварот е вечер во 18 часот. Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш очекува тежок натпревар со македонската репрезентација на стартот на Европското ракометно првенство. – Во последната година напредуваа. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, знаеме дека ќе биде тежок, Македонците се силни во одбраната, имаат добар голман, а во нападот го имаат Кирил Лазаров, еден од најопасните и најстарите играчи на ЕП. Знаеме и некои нивни слабости, изјави Врањеш. Миха Зарабец подетално се осврна на нашиот национален тим. – Тие сигурно ја променија играта во транзицијата, трчаат многу повеќе, побрзи се, но сепак имаат проблем што мораат да менуваат…
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, со што сега е два сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Со тоа, Преспанското Езеро има за 1,55 метри понизок водостој од просекот за јануари, нивото на Охридското е исто со просечното, а на Дојранското Езеро е за 2,95 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Водостоите, пак, на реките во земјава се во рамките на просекот и во најголем…
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на 11 јануари ги лишеле од слобода М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп, информираат од МВР. – При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17:00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола, велат од МВР и додаваат дека лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тројното зголемување на когнитивните нарушувања со оштетена меморија, вклучително и Алцхајмеровата болест, е поврзано со трендовите во факторите на ризик – дебелината, дијабетесот, ниското образование и пушењето. Нов труд којшто ги анализира трендовите на јавното здравје во 195 земји, предвидува дека деменцијата како заболување ќе ја имаат околу 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година. Тоа е околу трипати повеќе отколку во 2019 година. Тројното зголемување на когнитивните нарушувања со оштетена меморија, вклучително и Алцхајмеровата болест, е поврзано со трендовите во факторите на ризик – дебелината, дијабетесот, ниското образование и пушењето. Испитувањата се објавени во „Глобал бурден оф дезис“…