Author: НОВА ТВ Balaban

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека е жалосно што се дозволи, пред сè под влијание на опозициската коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Левица, прашањето за почеток на преговорите на земјава со ЕУ да биде практично прашање на некаква вербална битка, но и тензична атмосфера помеѓу нас и Бугарија. – Како да е битката кој да победи, ние како Северна Македонија или Бугарија. Мислам дека, за жал, се злоупотреби целата оваа ситуација, затоа што точно е дека имаме билатерален спор, бевме доведени во една незгодна ситуација, меѓутоа суштината на овој процес, а…

Read More

Организаторите на повеќедневните протести под мотото „Ултиматум – не благодарам“, што во текот на денешниот ден започнаа на пладне пред Собранието, вечерва соопштија дека за денеска протестниот собир е завршен и најавија нов протест пред собраниската зграда за утре во 11 часот. Сепак, група демонстранти и натаму остана пред Собранието. Доцна попладнево по завршувањето на 81-та седница на Собранието, на чиј дневен ред е Информацијата по содржината на предлог-преговарачката рамка, на демонстрантите им се придружија и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од партискиот лидер Христијан Мицкоски. Во текот на денешниот протест учесниците пред Собранието се појавија со транспарентите „Македонци…

Read More

Требаше да се извините на граѓаните што ширевте лаги и небулози, што го поделивте општеството, ако имавте грам чест и морал,  засрамете се, вие сте предавници! Нервозни сте затоа што нема бугаризација, затоа што имаме чист македонски јазик, без фусности, без забелешки. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Колку тоа гордо звучи, порача пратеникот на СДСМ, Марин Костовски. По говорот на Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина денешната собраниска седница, на чиј дневен ред беше информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ. Седницата се одвиваше во многу тензична атмосфера, обраќањето…

Read More

Целата јавност денеска во Собранието се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, аргументите, обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски. Нервозни се затоа што сите нивни лаги, измислици и шпекулации се поразени. Ги видоа заклучоците со кои јасна е целосната заштита на јазичните, идентитетските, историските и културни посебности на македонскиот народ, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Јован Митрески попладнево на прес-конференција во Собранието. Народот, како што рече тој, ги слушна силните пораки од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен: „Македонци со чист македонски јазик во ЕУ без додавки, модификации и квалификации“. – Македонската…

Read More

Е тоа е, почитувани пратеници, единствената вистина во оваа олуја на манипулации, шпекулации, лажни вести и намерни и ненамерни штети и креирање криза и дестабилизација на државата. На ваков предлог, кој целосно ги отсликува нашите државни интереси и црвени линии, јас, Владата и Претседателот на државата, кажав и кажавме ДА, порача премиерот Ковачевски.  Обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски за францускиот предлог, коешто предмалку заврши во Собранието, беше проследено со свирежи од вувузели од страна на опозициските пратеници. Во ваква атмосфера, продолжи 81-та собраниска седница, по информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ. – Денес почнуваме историска…

Read More

Рестрикции на струја нема да има. Точно е дека оваа зима ќе биде најтешка на нашата генерација, но заедно ќе ја пребродиме. Енергетската криза е голем предизвик на светско ниво, со воената агресија врз Украина дополнително се направија поместувања на пазарот, има недостиг на енергенси, повисоки цени, но ќе менаџираме успешно, како и претходната година, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на МИА. Тој додава „државата ќе обезбеди од домашните извори, со работа на домашните капацитети поголемо производство на електрична енергија. За 2022 година планот за производството на ЕСМ  е зголемен за 20 проценти споредено со ланското производство и треба…

Read More

Уставниот суд на денешната седница одлучи да укине дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.18/2021), донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров, со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите, информираа денеска од Уставниот суд. Оваа Одлука е оспорена, меѓу другото, поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето. Уставниот суд оцени дека  со оваа одлука…

Read More

Опозицијата, за жал, едноставно нема капацитет за државничко однесување. Тие воопшто не се заинтересирани за суштинска дискусија за европскиот предлог, со кој ни се нуди почеток на преговорите. Тие бараа да се изменат четири позиции во предлогот кои всушност се веќе инкорпорирани. Нивните изјави и барања се чиста манипулација, вели премиерот Ковачевски.   За одлуката во Собранието очекувам плодна и суштинска дискусија, очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата, која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува, како претставници на народот, а не само на политичките партии, изјави денеска во интервју за МИА…

Read More

Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот нè притиска, ние мора да го потиснеме, порача  генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом.  Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата, потврдија за МИА од Комисијата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица. До вчера активни беа 1. 889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1045, а во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот. Додека во државата состојбата со ковид -19 засега е стабилна,…

Read More

Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сеуште е во тек, меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода, објави Горан Јовановски  Братот на исчезнатиот Мартин Јовановски, по кој веќе петти ден трае потрагата во Егејското море, пред малку на Фејсбук објави фотографија од неговиот брат, непосредно пред да исчезне кај Посиди. Горан преку социјалната мрежа порача дека потрагата трае, но е со намален капацитет и дека е потребна поголема покриеност од воздух, копно и од вода. – Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот…

Read More

Со меѓусебни обвинувања на пратениците од власта и опозицијата кој што (не) направил во изминатиот период, во Собранието почна вториот ден од расправата за ребалансот на Буџетот. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вчера го бранеше ребалансот и објаснуваше дека 25 милиони денари се додадени за животната средина, здравството и инфраструктура, со навремено и редовно испорачување на јавните услуги. За пратениците од владиното мнозинство ребалансот е соодветен и навремен фискален одговор на глобалните случувања, додека опозицијата смета дека земјата е банкротирана и брзо оди кон рецесија и сиромаштија. Пратеникот Аднан Незири од Алијанса за Албанците во својата дискусија рече дека Буџетот…

Read More

Одлуката би се однесувала само на апчето ХРА, што би се продавало под своето оригинално име „Опил“. За првпат досега фармацевтска компанија побара дозвола од американскиот регулатор за лекови, да продава таблети за контрацепција во САД без лекарски рецепт, јави Би-би-си. Барањето на компанијата ХРА Фарма, чие седиште се наоѓа во Париз, поднесено е до Управата за храна и лекови на САД во текот на вчерашниот ден, само неколку недели откако американскиот Врховен суд го поништи уставното право на абортус. Според компанијата, моментот на поднесување на барањето не е поврзан со неодамнешната одлука на Врховниот суд за укинување на пресудата…

Read More