Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Македонските граѓани во првите девет месеци од минатата година потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници, што претставува пораст од 84,5 проценти во однос на истиот период во 2020 година. Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) информира дека кон домашните е-трговци се слеале 215,2 милиони евра од кои 94 проценти се од домашните купувачи. Високи 87,2 проценти од вредноста на трансакците кон домашни е-продавници оствариле физичките лица. Просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци изнесува 26,2 евра и тоа кај физичките лица е 26,9 евра, а кај правните 22,2 евра. – Растот во првите девет месеци од 2021 година…
Стојан Ѓуроски, македонскиот кошаркарски репрезентативец и член на КК Пелистер, беше повреден во тепачката на скијачките терени во Маврово, во која учествувале две групи – една од Косово, а другата од Гостивар. Четворица од косовската група биле на возраст од 14 до 30 години, а четворицата од гостиварската, на возраст од 25 до 41 година, информираше полицијата. Ѓуроски, според изјави на очевици, бил удрен со скија по раката, која му била повредена, па морал да оди на преглед, прво во болницата во Гостивар, а потоа и во Ургентниот центар во Скопје. За „Слободен печат“ Ѓуроски денеска потврдил дека бил повреден…
Никаде во институциите во државата не е видливо Брајовото писмо, што е надвор од Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија, соопшти коалицијата „Менуваме“ По повод Меѓународниот ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид, Коалицијата „Менуваме“ соопшти дека илјадници лица во земјава не го знаат Брајовото писмо и дека тоа е, како што велат, невидливо во институциите на државата, како и во образовниот систем, освен во училиштето за слепи „Димитар Влахов“ во Скопје. – Никаде во институциите во државата не е видливо Брајовото писмо, што е надвор од Конвенцијата за првата на…
Во таа институција вчера биле регистрирани околу 50 отсто позитивни на ковид-19, што е многу повеќе од пред седум дена, кога имало 30 отсто позитивни примероци, рече Вранеш. Во Хрватска е потврден првиот случај на флурон, кога едно лице е заразено со ковид-19 и грип во исто време, потврди началникот на Службата за клиничка микробиологија, Јасмина Вранеш, за хрватскиот јавен сервис ХРТ. Првиот случај на флурон е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб. Според информациите, станува збор за комбинација на грип и корона, а според информациите од Институтот се работи за вирусот на инфлуенца…
Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак, изјави дека Албанија и Северна Македонија не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интреграцијата во ЕУ. Во интервју вчера, за Еуроњуз Албанија, Барсак призна дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Северна Македонија. -Во однос на ова прашање, верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Северна Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова…
До Судот секојa година пристигнуваат по повеќе од 50.000 нови барања. Од 1 февруари, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе се скрати од шест на четири месеци по конечната одлука на највисокиот домашен суд, соопшти денеска судот. Промената на рокот за поднесување барања до Судот произлегува од Протоколот број 15 кон Европската конвенција за човекови права и потенцијално се однесува на 830 милиони луѓе кои живеат во 47-те земји-членки на Советот на Европа кои се потписнички на оваа конвенција. – Од 1 февруари 2022 година, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права ќе се…
Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15 до 20 отсто. Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор (УО) на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ. Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор на…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1. Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10,…
Османи информираше дека за оваа намена е веќе предвиден и буџет за реализација на активностите кои произлегуваат од претседавањето со ОБСЕ од околу 110 милиони денари, или безмалку 1,8 милиони евра. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес на првиот работен ден, со тематска прес конференција го одбележи влегувањето на Северна Македонија во ОБСЕ претседавачкото трио со почетокот на годината. Тројката претседавачи со организацијата ја сочинуваат минатогодишниот претседавач Шведска и овогодишниот претседавач Полска. – Ми преставува посебно задоволство што како прва активност во оваа година сакам да ги преставам луѓето од Министерството кои се најзаслужни и за стекната доверба да…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27.12.2021 година, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг. Од 4.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе…
На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 109 мерки, во рамки на засилените сообраќајни контроли. За возење под дејство на алкохол, информираа денеска од МВР, изречени се 26 санкции, 23 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и 20 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Во текот на 2021 година од страна на oрганизационите единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се превземаа низа мерки и активности при што редовно се прибираа сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност по Наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др. Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор,лица под истрага со определена мерка притвор,лица под истрага,лица оддалечени…