Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Д-р Кедев ги искачи сите највисоки континетални врвови, а го освои и највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Проф.-д-р Сашко Кедев, кардиолог, вечерва во соборниот храм „Свети Никола” во Штип беше одликуван со орденот „Свети Никола“ што општината го доделува на истакнати штипјани кои дале посебен придонес за развојот на градот и државата. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на свечената академија истакна дека Кедев е роден штипјанец, кој живее и работи во Скопје. Тој е сертифициран европски интервентен кардиолог, како и сертифициран интервентен кардиолог во САД. Д-р Кедев ги искачи сите највисоки континетални врвови, а го освои и највисокиот врв…
Алтернатива вечерва, по седницата на Централното претседателство, ги обелодени предлозите за повеќето кадровски решенија во новата влада – Беким Сали за министер за здравство, Адмирим Алити – министер за администрација и информатичко општество, Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората, Орхан Муртезани – директор на МЕПСО и други. Со соопштение од Алтернатива информираат дека „Централното претседателство дискутирало за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата“. Во соопштението се додава „Во колегијална атмосфера и со почит, Централното претседателство дискутираше за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите…
Холандија воведува божиќно затворање поради загриженоста од омикрон варијанатата на корона вирусот. Сите продавници, освен оние со потребни намирници, како и училиштата, баровите, рестораните и другите јавни простори ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте рече дека овие ограничувања се неизбежни. Ова се најстрогите мерки која една земја ги воведе поради омикрон. И другите земји ширум Евроа ги заоструваат мерките поради брзото ширење на омикрон. Новите правила во Холандија, кои стапуваат на сила утре, објавени се по состанокот на владата и здравствените стручњаци. Холандскиот национален институт за јавно здравство извести дека повеќе од 2,9 милиони биле…
Серија концерти на наши артисти и едно гостување од Србија ќе се одржат вечер во МКЦ. Од 20 часот ќе настапат Марија Каева (промоција на новиот албум „Фортуна“), Тодор Караколев, диџеј сет Мирко Попов, диџеј Магија во живо и од Србија – Фантом. – Фантом е ново име на регионалната музичка сцена, проект зад кој стои името на Петар Вагнер. Со години усовршувајќи ја својата умешност на креирање музика, текстови и аранжмани за други изведувачи, Вагнер на почетокот на 2019 одлучува да поработи на свои песни. Набргу потоа доаѓаат песните што Вагнер во своето белградско студио ги завршува со Луна…
Алтернатива вечерва ги токми идните тројца министри, заменици и други функционери кои ќе бидат предложени како кадровски решенија од оваа партија во новата Влада. На состанокот кој почна вечерва околу 18 часот Африм Гаши треба да ги предложи идните функционери, а доколку нема забелешки на изборот, членовите на Централното претседателство треба истите да ги потврдат. Според најавата, Беким Сали се очекува да биде потврден од Централното претседателство за министер за здравство, Адмирим Алити за администрација и информатичко општество, додека за министер без ресор задолжен за дијаспората во игра се двајца кандидати.
Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода. При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Полицијата денеска во Батинци приведе опасен криминаалец кој пред еден месец избоде момче во Студеничани. По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со Повеќе тимови од интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци и го…
Меѓународниот монетарен фонд во последната изјава ги поздрави економските мерки и политики на Владата кои помогнаа да се задржи вработеноста и да се ублажи влијанието на пандемијата врз економијата, вели Заев, набројувајќи ги суштинските поенти од изјавата на ММФ. На линија на ММФ, и Владата во однос на економските движења за наредната година очекува вработеноста постепено да закрепнува, додека високиот раст на платите, зголемените дознаки и користењето дел од кумулираните заштеди да влијаат врз зголемувањето на расположливиот приход. Фокусот е насочен кон економскиот раст во државата и подобрување на животниот стандард, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“. – Меѓународниот монетарен…
Ноев смета дека Петков сега треба со својот тим да разјасни кои се причините Република Северна Македонија да го промени ставот кон спроведувањето на договорот и дали Бугарија дала повод за тоа. Поранешниот бугарски дипломат Бојко Ноев во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ, вели дека новиот премиер на Бугарија Кирил Петков е прагматичен и тоа го покажал со ставот дека е потребна најпрво анализа, а потоа конкретни чекори за секоја од политиките. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Ноев, многу е важно да се направи анализа и на односот со Република Северна Македонија. –…
На 17.12.2021 околу 22.50 часот на патот од с.Шишево кон с.Грчец, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавно претпријатие „Државни патишта” – Скопје. На 15.12.2021 во 16.10 часот Б.Т. (56) пријавил дека автомобилот бил одземен на ул.„Ѓорче Петров, откако бил оставен паркиран со клучот во бравата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.12.2021 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на ул.„Чаирска” во Скопје била пронајдена почината К.Н.(41) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Во текот на 2021 година во Радовиш, К.Е. на лице од Радовиш издал ПЦР тест дека е негативен на Ковид-19, притоа давајќи му во прилог на тестот и фактура со фискална сметка за извршена наплата од 5.500 денари и за тоа дека тестот претставува оргинален документ издаден од овластена клиника. ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Е.(54), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во текот на 2021 година во Радовиш, К.Е. на лице од Радовиш издал ПЦР тест дека е негативен на Ковид-19, притоа давајќи…
На 18.12.2021 околу 02.45 часот на клучка за с.Кадино, во с.Дрма, скопско, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.С.(23) од с. Идризово, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.