Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Косовската полиција уапси две лица кои упатиле смртни закани кон новинарот Вехби Кајтази, поради тоа што ги нарече криминалци членовите на таканаречената „Кумановска група“, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, јави дописникот на МИА од Приштина. Во допис до Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК), Кајтази информира дека, по неговата изјава од минатиот понеделник, 13 ноември, во дебатна емисија на ТВ Дукаѓини добил бројни закани, со што сега се бави Одделот за тешки злосторства при Полицијата на Косово. – Од тој ден добив стотици закани по животот од разни лица.…
Забрана за тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег е воведена изутринава во 04:50 часот на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Стража. Како што соопшти АМСМ од 03:45 часот на патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. На 15 декември од 10:00 часот, патниот правец с. Балван – с. Таринци кај мостот на реката Брегалница, поради безбедност за учесниците во сообраќајот е затворен за секаков вид на сообраќај. Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и…
Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Кавадарци – 28, Прилеп – 25, Битола – 18, Куманово – 13, Кочани – 9, Радовиш – 8, Тетово и Штип – по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар – по 5, Велес и Кичево – по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово – по 2, Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа: Направени се 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 159,…
Арсовска истакна дека Наумоски земал одмор и боледување и не се појавува на работа да даде отчет и да ја предаде функцијата. Наумоски тврди: „Дури ни кафе не сум се напил, не сум имал право на трошоци на репрезентација, ниту лично, ниту секторот со кој што раководев. А Арсовска не ми го потпишува решението за отказ!“ Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинарите истакна дека шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски наместо да зборува против градот и местото од каде што зема плата, да се појави и да даде отчет за потрошените пари, за сметките…
Владата на Република Северна Македонија на денешната 128 седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на договорите и меморандумите што треба да бидат потпишани на претстојната сесија на иницијативата „Отворен Балкан“ којашто е предвидено да се одржи на 22 декември во Тирана, а коишто се однесуваат на остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во Северна Македонија, Албанија и Србија, како и на соработката на царинските и фитосанитарните управи на овие земји. На денешната седница на Владата е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со предлог измените…
Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност за цела 2022 година. Во РЕК Осломеј тече испораката на 130-те илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април 2022г. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор извршија контрола на лице место врз процесот на достава на количините, кои се дистирибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени…
Од Град Скопје и денеска нема да го коментираат настанот поврзан со обвинувањата од Коалицијата „Менуваме“ за дискриминација во врска со лице со посебни потреби на кое му било забрането да влезе во автобус на ЈСП Скопје, бидејќи било придружувано од сервис куче. За ова, како што појаснуваат од Град Скопје, реакција вчера имале од ЈСП Скопје, и упатуваат на нивното соопштение. Од СДСМ денеска соопштија дека „срамна и дискриминирачка е постапката на Град Скопје и Арсовска да им се забрани влез на лица со попреченост кои се со придружба на куче“. Од ЈСП Скопје вчера информираа дека градскиот превоз…
На 16.12.2021 во 11.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Р.Л.(21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2021 година (вторник), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.
Премиерот Зоран Заев доби плакета во знак на благодарност за заложбите и за целокупната поддршка за студентите за реализација на младинските политики на денешната средбата со членовите на студентскиот парламент од Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово и претседателот Агрон Демири. На средбата се дискутираше за меѓуинституционалната соработка, важноста на студентите и нивната улога во економскиот развој на државата, како и за условите кои ги креира Владата за академските граѓани. Дополнително беше дискутирано за реализираните мерките како субвенциониран студентски оброк, стипендиите од Министерството за образование и наука, младинскиот додаток, како и за Законот за младинско учество и младински политики. Премиерот Заев…
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (16 декември) околу 16 часот и 20 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Р.С., кој претходно во семејниот дом во Тетово физички го нападнал неговиот 47-годишен татко. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид 19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 16 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19,…