На 16.12.2021 во 11.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Р.Л.(21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.