Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

С. Македонија подготвена за сесијата на „Отворен Балкан“ во Тирана – Владата ги донесе сите одлуки

0
By НОВА ТВ Balaban on December 17, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 17, 2021 14:48
Владата на Република Северна Македонија на денешната 128 седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на договорите и меморандумите што треба да бидат потпишани на претстојната сесија на иницијативата „Отворен Балкан“ којашто е предвидено да се одржи на 22 декември во Тирана, а коишто се  однесуваат на остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во Северна Македонија, Албанија и Србија, како и на соработката на царинските и фитосанитарните управи на овие земји.

На денешната седница на Владата е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се врши усогласување на законски одредби од законот со најдобрите даночни трендови од аспект на оданочување на меѓуграничниот промет на услугите како и спроведување на програмата на Владата.

Имено, со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се врши доуредување на одредбите кои го дефинираат местото на прометот на услуги, се воведува терминот даночен застапник со цел странските лица кои вршат промет на добра и услуги во нашата земја да можат да го пресметаат и платат данокот на додадена вредност на даночниот орган, со цел ефикасна примена на придобивките од заеднички царински контроли.

На оваа седница на Владата е разгледана информацијата и е утврден текстот на Спогодбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Претседателот на Владата на Република Албанија и Претседателот на Република Србија за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Со донесување на оваа спогодба за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика ќе се уредат формално-правните аспекти на ова прашање, и ќе се олесни трговијата со живи животни, храна и добиточна храна од животинско, неживотинско и мешано потекло, растенија, растителни производи и други објекти и предмети.

Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за усогласениот текст на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

Според оваа спогодба, воспоставувањето на соработка, заснована врз заеднички стандарди и взаемно признавање на резултатите од спроведените контроли, ќе претставува средство за олеснување на легалната трговија и ефикасно спречување на недозволената трговија и царинските неправилности во државите потписнички на Спогодбата, но и пошироко.

Преку спогодбата се добиваат повеќе придобивки како што се: полесен пристап до  поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности.Сето ова треба да придонесе за: намалување на времето на спроведување на царинските постапки  за стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на националниот, регионалните и европските пазари. На тој начин се зголемува нивниот деловен углед, како и нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети.

Целта на взаемното признавање на статусот ОЕО, по спроведени верификациони мисии, значи дека Царинската управа на една земја ги признава резултатите од проверката на автентичноста и одобрување на статусот ОЕО издаден од царината на другата земја.

Влада отворен балкан сесија Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.