Author: НОВА ТВ Balaban

Екипи на Хидросистемот „Маврово” во текот на снежниот викенд во западниот дел од државата, работеа на дел од далноводите во надлежност на АД ЕСМ, кои ја носат електричната енергија од хидроелектраните до преносните и дистрибутивните системи на МЕПСО и ЕВН. Како што соопштија од АД ЕСМ, во соработка со стручни екипи на МЕПСО се работи на отстранување на дефектот на 35-киловолтниот далековод од хидроелектраната Вруток до трафостаницата Бела Вода кај Маврови Анови, меѓутоа снабдувањето на Маврово со електрична енергија тече непречено. – Прекините на далноводните јажиња поради водениот и тежок снег предизвикаа исфрлање од електроенергетскиот систем и на електраните на…

Read More

Бугарија се буни за повеќе формалности во заклучоците за Северна Македонија, како што дознава МИА од дипломатите присутни на разговорите на амбасадорско ниво. Една точка проблематична за Бугарија е употребата на долгото име, Република Северна Македонија, на која инсистира Софија. ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширување пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена, јавува дописничката на МИА од Брисел. Слично на минатата години земјите членки на ЕУ повторно не можат да ги усогласат заклучоците во делот на проширувањето. Доколку нема заклучоци ова би било втора…

Read More

Секторот за внатрешни работи Тетово во рамките на секојдневните контролни активности, посебно внимание им посветува на лицата кои ги управуваат возилата, најчесто патнички, без положен возачки испит и валидна дозвола. Вчера (12 декември) на поширокото полошко подрачје откриени и санкционирани се 7 лица (ТЕ-2 и ГВ-5) без возачки дозволи, кои веднаш се исклучени од сообраќај и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци и кои ќе се соочат со парични глоби од 250 евра во денарска противвредност.      

Read More

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата. – Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Пробиштип.

Read More

Во рамките на својата презентација на тема: „Инвестирање во културата и креативноста за креирање вработување и социоекономски развој”, Стефоска нагласи дека дефинитивно мораме да дадеме се од себе за да ја промениме лажната перцепција за културата како трошок или луксуз и да ја прикажеме како важна стратегиска инвестиција која носи значителни придобивки за општеството. Сите сме свесни за вистинската моќ на културата, уметноста и културното наследство во зачувувањето на човековата меморија и враќањето на човечкото достоинство и гордост. Освен тоа, знаеме дека културните политики низ вековите можеле да обликуваат историски наративи кои ја доловуваат националната митологија и кои го отелотворуваат…

Read More

Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до судирот дошло додека се обидувал повторно да се приклучи во движење. Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“, пренесува ТВ21 Според првичните информации од бугарското МВР за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало. Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема. Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до…

Read More

Во Белград утринава, на аголот од улиците „Качерска“ и „Костолаќка“ , како што наведуваат жителите, распукал асфалтот, по што товарно моторно возило пропаднало во дупка. Возачот, за среќа, не е повреден. Жителите на социјалните мрежи апелираат возачите да ги заобиколуваат овие улици, бидејќи забележале дека асфалтот пука и на други места.

Read More

Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 47 надвор од населено место. Во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи. Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 47 надвор од населено место.…

Read More

Парламентот на Црна Гора, како што претходно беше најавено, денеска треба да одлучува за иницијативата на парламентарната опозиција за недоверба на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ. Демократскиот фронт во  саботата одлучи да бара враќање на мандатот на Владата и распишување нови парламентарни избори. Иако опозициските партии тврдеа дека ќе имаат доволен број пратеници, дури и повеќе од потребното за да и изгласаат недоверба на Владата на Кривокапиќ, во меѓувреме се шпекулираше во медиумите во Црна Гора дека опозициските партии предводени од ДПС и СДП, Мило Ѓукановиќ и Рашко Коњевиќ, ќе ја повлечат иницијативата, што не е официјално потврдено. Дел…

Read More

Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто лани. Жените повеќе користеле интернет само во случај кога барале информации поврзани со здравјето, додека во сите останати случаи мажите повеќе го користеле интернетот. Користењето на интернет и онлајн купувањето во земјава годинава бележи раст, а интернет банкарството се користело за 104 проценти повеќе за разлика од лани. Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците на…

Read More

За кратко време, откако на 27 март 2020 година нашата држава стана полноправна членка на НАТО алијансата, Државниот архив стана член на Архивскиот комитет на НАТО, во чија работа учествуваат претставници на националните архиви од сите држави-членки, информираа од Државниот архив на Република Северна Македонија. Државниот архив ја продолжува успешната комуникација и соработката со НАТО Архивскиот комитет и на нивна покана веќе вторпат учествува на Работилница и Годишен состанок на Архивскиот комитет на НАТО, кои се одржаа на 9 и 10 декември 2021 година. На горенаведените настани  Државниот архив беше претставуван од директорот, д-р Емил Крстески и Светлана Успрцова, раководител…

Read More

Граѓаните кои се над 60-годишна возраст и иако се вакцинирани, но поминале седум месеци и не примиле трета доза, од денеска се сметаат за невакцинирани и нема да имаат пристап во местата каде што е задолжителен сертификат Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата, јави дописничката на МИА…

Read More