Author: НОВА ТВ Balaban

Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето, a по примерот на српската влада која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена. – Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните, како и стопанствениците, дека и натаму ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за соодветно да се реагира на секој предизвик. Државата ги следи состојбите во сите сектори во економијата, вклучително и во преработувачката и прехранбената индустрија. Владата е во постојан, отворен дијалог со сите засегнати страни…

Read More

Притоа, најпрвин купил земјишна парцела, а потоа без да ги обезбеди потребните дозволи, започнал да гради објект – станбена зграда со три ката и подготовка за четврти кат. ​​ Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 56-годишен гостиварец за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Од втората половина на 2018 година до 27 февруари 2019 година, на сопствено земјиште на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, обвинетиот градел објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган. Притоа, најпрвин купил земјишна парцела, а потоа без да ги обезбеди потребните дозволи, започнал да гради…

Read More

Во Клубот на пратениците во Скопје предмалку почна средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на која се финализираат разговорите за вклучување на оваа партија во Владата и за окрупнување на парламентарното мнозинство. Пред средбата Гаши кусо искоментира „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“, а Заев изјави дека по средбата „Нема да дадеме изјава, ќе има соопштение.“ Заедно со Заев, како и првиот пат, на разговорите е присутен и Димитар Ковачевски, заменик-министер за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ.

Read More

Мојот интегритет јас ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките коишто ќе ги носам, доколку бидам избран за претседател на СДСМ, вели тој Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ. – Ја поднесов мојата кандидатура, согласно роковите, до партијата во која ја доставив мојата визија и програма под наслов „Заедно, одговорно и посветено“. Програмата е базирана на три столба – социјадемократска визија, јасни социјадемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите кои од него, економски раст и фер шанса и јасен систем со одговорност во кој најдобрите…

Read More

Кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци, објавува Институтот за јавно здравје во најновиот извештај по повод 1 декември –  Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА  Од јануари до 30 ноември годинава регистрирани се вкупно 42 нови лица со потврдена ХИВ/СИДА-инфекција. Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци, објавува Институтот за јавно здравје во најновиот…

Read More

Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови. Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидирање за претседателка на партијата. – Очекувам откако ќе…

Read More

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година во областа на воспитанието и образованието ѝ се доделува на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф, соопшти Министерството за култура. Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик  Газанфер Бајрам. Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во  Собранието на Република Северна Македонија. Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа…

Read More

На 1 декември, ќе биде откриен мурал на зградата на Кинотеката на Република Северна Македонија, како спомен-обележје кое со уметнички пристап ќе ги репрезентира луѓето што живеат со ХИВ преку ликот на музичарот Фреди Меркјури. Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ Скопје, како организација на самите лица засегнати од овој вирус, и оваа година организира активности за намалување на стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ. Кампањата ги содржи следниве елементи: 1. Концептуален перформанс / флеш-моб со цел подигнување на свеста за ХИВ, предизвикување на митовите и поттикнување поддршка кон луѓето што живеат со ХИВ. Перформансот…

Read More

И овојпат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираме преку соопштение, изјавиле од Владата. Нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши треба да се одржи денеска во 14 часот во Клубот на пратениците во Скопје. На средбата, којашто е трета по ред, се очекува да се допрецизира  вклучување на партијата во Владата и окрупнување на парламентарното мнозинство. Од Владата и од Алтернатива за Бизнис Вести го потврдиле одржувањето на средбата – Средба ќе има денеска во 14 часот во Клубот на пратениците, во ист формат како и претходниот пат.…

Read More

Вчера (30 ноември) во 18 часот и 50 минути, 25-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот и 30 минути, во објектот во кој работел на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, физички бил нападнат од три лица, од кои едното го познавал. Според пријавеното, во нападот двајца од нив користеле метални предмети, а едниот му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Read More

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во два објекта на Националната галерија – Чифте амам и Мала станица, ќе отвори јубилејна изложба на негови членови по повод 75 години од основањето. – На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кои го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација којашто ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј,…

Read More

До петок се очекува нова, трета средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која треба да „падне“  конечен договор за   коалициска соработка и зголемување на парламентарното мнозинство на 64 пратеници, тврдат, неофицијално, извори од власта. СДСМ и Алтернатива, според најавите, и утре ќе бидат во интензивна  координација внатре во партиите, но и меѓусебе, за допрецизирање на учеството во власта на партијата на Гаши. Се уште не е постигнат договор кои министерски ресори и други позиции Алтернатива ќе ги преземе. Неофицијално, Алтернатива е заинтересирана за значително учество во новиот владин кабинет. Се шпекулира дека може да…

Read More