И овојпат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираме преку соопштение, изјавиле од Владата.

Нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши треба да се одржи денеска во 14 часот во Клубот на пратениците во Скопје. На средбата, којашто е трета по ред, се очекува да се допрецизира  вклучување на партијата во Владата и окрупнување на парламентарното мнозинство.

Од Владата и од Алтернатива за Бизнис Вести го потврдиле одржувањето на средбата

– Средба ќе има денеска во 14 часот во Клубот на пратениците, во ист формат како и претходниот пат. И овојпат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираме преку соопштение, изјавиле од Владата.