Во Клубот на пратениците во Скопје предмалку почна средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на која се финализираат разговорите за вклучување на оваа партија во Владата и за окрупнување на парламентарното мнозинство.

Пред средбата Гаши кусо искоментира „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“, а Заев изјави дека по средбата „Нема да дадеме изјава, ќе има соопштение.“

Заедно со Заев, како и првиот пат, на разговорите е присутен и Димитар Ковачевски, заменик-министер за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ.