Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фросина Ременски кандидат за претседателка на СДСМ

0
By НОВА ТВ Balaban on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 11:49

Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови.

 

Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидирање за претседателка на партијата.

– Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.

Образложувајќи ја ова кандидатура таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.

Воедно, Ременски посочи дека денешниот ден има и симболика во нејзината кандидатура, бидејќи ја поднесува во време на 16-дневниот женски активизам против насилството врз жените.

– Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на фунција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандитура, изјави Ременски.

Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови.

– Секој кандидат кој влегува во натпревар за претседател на партијата се надева на победа. Сметам дека ќе добијам поддршка и дека ќе постигнам солиден резултат, изјави Ременски и додаде дека нејзината визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред кои што е исправен.

претседателка СДСМ Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.