Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Унапредување на економската соработка посебно во областа на иновациите и во развојот на стартап еко системот, беше една од темите за кои разговараа денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и новоименуваната амбасадорка на Израел Симона Франкел. Голем е потенцијалот, оценија, за партнерство и размена на искуства за развој на иновации во земјоделското производство и во преработката на земјоделски производи, како и за поттикнување и развој на стартап компаниите. Битиќи и Франкел се согласија дека двете земји имаат традиционално добри односи, но искажаа подготвеност за нивно натамошно унапредување. На почетокот на средбата, амбасадорката во име на израелскиот народ изрази сочувство…
Според шефот на дипломатијата, ДНК анализата ќе се врши во Бугарија, но се работи на тоа дел од примероците се земаат од секој починат и во Скопје за дополнителна истрага. Истрагата за автобуската несреќа има врвен приоритет кај бугарското Обвинителство и се работи на тоа што побрзо да излезат со резултати од самата истрага, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата во Софија со бугарскиот главен обвинител надлежен за истрагата, додавајќи дека шпекулациите во врска со овој случај на помагаат во истражната постапка. Османи во изјава за медиумите нагласи дека на средбата со обвинтелот станало збор за…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се девет починати лица: По три починати лица од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), 2 починати лица од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Министерството за здравство информира,…
24 ноември ќе биде прогласен за ден на национална жалост, соопшти вицепремиерот Галаб Донев во Варна, информира Dariknews.bg. Така ќе им се оддаде почит на жртвите од двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма. Одлуката се очекува да ја соопшти Советот на министри. Денот на жалост ќе биде заеднички во Бугарија и Северна Македонија, најави Донев. Владата на Република Северна Македонија прогласи тридневна жалост. Државните знамиња пред зградата на Владата се спуштени на половина.
Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа изрази сопственикот на туристичката компанија „Беса транс“, во телефонски разговор за ТВ21. Тој изјавил дека и самиот не знае како дошло до несреќата и дека од 3 часот утринава се наоѓа на местото на несреќата. – Не знам како дошло до несреќа. Од 3 часот утринава сум на местото на несреќата за да добијам информаци од бугарските институции, но досега сѐ уште не се познати причините, изјави за ТВ21 сопственикот на „Беса транс“.
– Сѐ уште телата на изгорените патници се извлекуваат од автобусот, потоа следува идентификација на овие лица и најверојатно ќе треба биолошки траги од роднини за ДНК анализа, за да се утврди идентитетот на починатите. Ние предлагаме тоа да се направи во Скопје Скопје, на Институтот за судска медицина, изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески пред посетата на преживеаните патници во софиската болница. Причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат но тие мора да се или од човечки или од технички фактор, изјави Јовески. Во болницата во Софија се сместени повредените седум патници коишто ја преживеаја несреќата на македонскиот автобус во…
Денешната автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, јави Франс прес. Осврнувајќи се на трагичните детали од несреќата, агенцијата прави преглед на најтешките автобуски несреќи на континентот во последните 10 години. 2021: Несреќа во Бугарија Најмалку 46 лица, меѓу кои 12 малолетни, загинаа кога рано утринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за главниот град на Северна Македонија, Скопје. Според официјалните податоци, во 2019 година во земјата со население од 6,9 милиони луѓе во сообраќајни несреќи загинале вкупно 628 лица, а во 2020 година – 463 лица. Сообраќајните несреќи…
Вчера (22 ноември) во 7 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Џ.С. од ова село, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Најголемиот дел од компаниите и досега практикуваа мерки со кои го стимулираа вакцинирањето против Ковид-19, како што се: исплата на еднократна парична награда за вакцинираните работници, слободен ден за секој вакциниран, бесплатен превоз за вакцинација во Србија, на вакцинираните не им се одбива награда или бонус за отсуство во случај да заболат од Ковид -19, како и други стимулативни мерки. Во услови кога вакцинирањето против Ковид-19 е бесплатно, а одредени работници сепак не ја користат оваа поволност, донесувањето на евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат…
Вчеравечер (22 ноември) околу 23 часот и 15 минути, во месноста „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 23-годишниот Б.Б. од тетовска Мала Речица, кој претходно се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и на Б.Б. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во контакт овие денови за по целосното стабилизирање на состојбата, пациентите да ги префрлиме на третман во Скопје, изјави Филипче Сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и никој не е животно загрозен, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. По посетата на болницата заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Филипче истакна дека само еден пациент е со скршеница поради што треба да се…
Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едно лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија. Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се,…