Author: НОВА ТВ Balaban

Штотуку завршија преговорите помеѓу ССМ и Владата, но безуспешно –  нема договор, дознава НоваТВ, а тоа значи дека од утре јавниот сектор стапува во генерален штрајк. Како што нагласуваат од Синдикатот, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор почнувајќи  од 2023 година. Вонредната средба помеѓу претставниците на ССМ и Владата се одржа  пред да почне денешната владина седница, но, за жал, без договор околу барањата на синдикалците. Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на…

Read More

Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот. Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на…

Read More

На оние кои ќе престојуваат на излетничките места, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од несогледливи размери, предупредуваат од МВР.  По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари. Особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите, укажуваат денеска во соопштение од Министерството за внатрешни работи. Повикуваат на внимателност при движење…

Read More

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, изрази разбирање за одлуката на австриската Влада за привремено реактивирање на електраната на јаглен, но кажа дека тоа е само интервенција поради кризата. – Мора да биде јасно дека ова е само интервенција во кризата врз основа на моменталната ситуација, рече Ван дер Белен во изјава за АПА. Според него, руската војна против Украина во основа ги забрза напорите за напуштање на фосилните горива. – Сепак, неколку земји, вклучувајќи ги Австрија и Германија, се соочуваат со големи проблеми на краток и среден рок, рече тој за големата зависност на двете земји од рускиот гас…

Read More

Во Јадранското Море се појави нов вид медуза, потврдија од Центарот за истражување на морето во Ровињ. На северот на Јадранот се појавила таканаречената компас медуза, која е квалификувана како Chrysaora hysoscella. Овој вид медуза живее во Атлантскиот Океан и во Средоземното море, појаснуваат од Центарот, а се карактеризира со жолто-кафеав меур, кој потсетува на компас. Пипалата на оваа медуза, која може да порасне и до 30 сантиметри, може да се долги и до 1 метар.

Read More

На 18. и 19.06.2022 полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце, Полициската станица за граничен премин Долно Блаце и Полициската станица за граничен премин Пелинце извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, на Граничен премин Табановце, управуван од Ш.Т. од с.Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, на Граничен премин Пелинце, при контрола во патничко возило „форд галакси“…

Read More

Во последните три дена регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Како што информрираат од Министерството за здравство, од новозаболените, 53 се во Скопје, по пет од Битола и Прилеп, три  Велес, по двајца од Куманово, Тетово и Струга, а по еден од Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово,…

Read More

ЦУК со свој тим  симболично даде поддршка на заедничката порака на Светскиот ден на бегалците – Секој секаде, секогаш има право да бара сигурност. Центарот за управување со кризи (ЦУК) со свој тим велосипедисти, составен од вработените, се придружи на велосипедската тура „Возиме за бегалците“ што е организирана по повод 20 Јуни, Светскиот ден на бегалците. Со тоа и симболично ЦУК даде поддршка на мотото на велосипедската тура во Скопје, што како замисла беше планирана за сите учесници, заедно да ја испратат пораката: – Секој секаде, секогаш има право да бара сигурност. Стартот за велосипедистите беше реализиран од три места…

Read More

Дваесет и петгодишно лице од Куманово Б.Ф е повредено на плоштадот „Маршал Тито“, откако врз него паднал тврд предмет од зграда, информираше денеска полицијата. Настанот се случил вчера во 20:42 часот. Екипа од кумановската полиција извршила увид на местото на настанот. Повреденото лице било пренесено  во општата болница, за укажување лекарска помош. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Неофицијално, според Kumanovonews.mk, врз момчето паднал метален  предмет, со којшто бил прицврстен еден од олуците на зградата.

Read More

На 19.06.2022 околу 12.10 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внaтрeшни работи Тетово расчистија шест кражби на мотоцикли и го лишиле од слобода В.Н.(26) од Тетово. Тој се сомничи дека минатиот и овој месец противправно одзел шест мотоцикли, од кои три се пронајдени во неговиот дом. Пронајдените мотоцикли биле вратени на сопствениците, а против В.Н. ќе следува соодветен поднесок по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.

Read More

Во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта денеска во 18.00 часот ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, во чија чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие), информира Дебарско – кичевската епархија. Г.г. Порфириј, ќе го посети Храмот Св. Богородица – Перивлепта, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и Манастирот Св.Наум Охридски, се наведува во соопштението.

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 40, Охрид – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кавадарци, Струмица и Кичево – по 3, Битола – 2, Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани – по 1. Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Тетово и Кочани – по 2, Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница – по 1. Во текот на изминатите 24 часа…

Read More