Author: НОВА ТВ Balaban

Секојдневно Христијан Мицкоски се појавува на настани во општините каде се продолжуваат проекти на претходните градоначалници. Наместо пред граѓаните, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ своите проекти ги промовираат пред нивниот партиски лидер, соопштија денеска од СДСМ. Изминатата недела во работно време, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  вршеа увид и пуштаа во употреба локални проекти. Дали се тоа градоначалници на сите граѓани или градоначалници само на ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините? Дали Државната комисија…

Read More

Инаку, Заев на средбата стаса во придружба на Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, а Заев за ТВ21 синоќа изјави дека „личноста која ќе седи до мене на средбата со Гаши, ќе биде новиот мандатар и, веројатно, лидер на СДСМ“.   Почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во Клубот на пратениците. Според најавите на средбата ќе се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива за окрупнување на парламентарното мнозинство и за влез во Владата. Инаку, Заев на средбата стаса во придружба на Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, а Заев…

Read More

По довршената криминалистичка истрага, биле притворени 31-годишната вработена и 22-годишникот, а полициските службеници поднеле и кривична  пријава до Општинското државно обвинителство во Загреб, додека против останатите осомничени лица, кривичните пријави ќе бидат поднесени по редовен пат.  Загрепската полиција ја доврши криминалистичката истрага на 10 лица поради сомнежи за фалсификување документи. Меѓу нив е 31-годишна вработена во здравствена установа во Загреб, којашто била одговорна за внес на податоци во системот за вакцинирање на граѓаните. Полицијата не објави за која установа станува збор, објавува index.hr. Вработената во октомври го искористила своето овластување и во системот  внела неточни податоци дека 28-годишна жена и…

Read More

Тутунот произведен во оваа нелегална – импровизирана работилница, се пакувал и продавал во амбалажа како тутун од реномирани произведувачи на тутунски производи. Службите на Царинската управа, Сектор за контрола и истраги и МВР, Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден спроведоа заедничка акција за откривање на недозволено производство и продажба на тутун, при што открија нелегален погон за производство на режан тутун на подрачјето на град Скопје, соопштија денеска од Царинската управа. На 18.11.2021 година, во вечерните часови, припадници на Царинска управа и…

Read More

Исклучително е важно луѓето да имаат пристап до вакцини, вакцинацијата да биде објаснета и охрабрувана, заклучи Шаиб.  СЗО ги повика државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување. – Државите сами одредуваат мерки за справување со пандемијата на коронавирус, но треба да го земат предвид нивното влијание врз човековите права, изјави денеска портпаролката на СЗО, Фадела Шаиб. Нејзиниот коментар беше по повод „локдаунот“ од 15 ноември за невакцинираните против Ковид-19 во Австрија, како и одлуката на властите да воведат задолжителна вакцинација против коронавирус во февруари следната година. – Државите треба да имаат пристап во согласност со проценката на ризикот…

Read More

На ден 18.11.2021 година во 19 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Ф.К. (33) од струшкото село Делогожда. Приведувањето е извршено по претходно распишана потерница од СВР Скопје, поради бегство од казнено поправната установа „Идризово“ Скопје каде е вратен на доиздржување на затворска казна.

Read More

Едноставно не може да имаме толку низок степен на вакцинирани во светот додека вирусот се шири како пинг-понг топче меѓу вакцинираните и невакцинираните. Јас сум имунолог. Веројатноста дека наскоро ќе имаме вирус отпорен на вакцини е многу висока, изјави д-р Марк Дибул, професор на Универзитетот во Џорџтаун. Научниците се загрижени дека до пролет в година би можеле да имаме нова варијанта на коронавирусот, отпорна на вакцините. – Што порано примиме бустер доза на вакцина, толку ќе ни биде подобра состојбата во следните неколку месеци. За жал, секое предвидување кое го имав досега се исполни. Се надевам дека овој пат не…

Read More

Флорида е една од неколкуте конзервативни држави кои поднесоа тужба против федералната агенција за да ја спречат да го спроведе барањето за вакцинација наметнато од администрацијата на претседателот Џо Бајден. Околу 61.000 луѓе починаа од ковид-19 на Флорида, третата по големина држава во САД. Флорида им забрани на училиштата и на бизнисите да бараат вакцинација против ковид-19 и започна со подготовки за можно повлекување на државата од федералната агенција која ја штити безбедноста на работното место. Гувернерот Рон Десантис, десничарски републиканец за кој се верува дека ќе се кандидира за претседател, ги потпиша новите закони. „Сакаме да обезбедиме луѓето да имаат…

Read More

„Во четвртокот вечерта, управата на Вердер Бремен беше информирана за отворањето на истрага за наводна употреба на лажен сертификат за вакцинација од страна на картичката на Маркус Анфанг“, беше објавено Тренерот на Вердер Бремен, Маркус Анфанг, е обвинет за фалсификување на пропусница за ковид-19, а сето тоа го објави германски „Билд“, пренесе sportm.mk.  „Билд“ тврди дека Маркус станал дел од истрагата, а самиот тренер бил револтиран од случајот и во приватен разговор на своите соработници во Вердер им рекол дека навистина бил вакциниран. „Јас сум целосно вакциниран, но секој може да донесува одлуки според својата совест“, рече Анфанг. „Како и секој двојно…

Read More

По 20 дена затворање, невакцинираните сè уште ќе бидат во заклучување. Училиштата нема да работат, ќе имаа само служба за згрижување деца чии родители не можат да се грижат за нив поради работа. Австриската влада во разговори со покраините одлучи од понеделник, 22 ноември, сите граѓани, а не само невакцинираните да бидат под клуч. Состојбата со коронавирусот во Австрија е на работ на катастрофа, без оглед на строгата мерка за затворање на невакцинираните лица, пишуваат тамошните медиуми. Бројот на новозаразени постојано расте и ги руши сите рекорди, а исто е и со болниците кои се пред колапс. Според медиумите, одлуката…

Read More

Во соопштението од МВР стои дека вчера во 13.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(71) од Прилеп, удрило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп. Во несреќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Read More

На 18.11.2021 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила – „пежо“ и „форд фокус“, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа“, со кумановски регистарски ознаки. Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Read More