Инаку, Заев на средбата стаса во придружба на Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, а Заев за ТВ21 синоќа изјави дека „личноста која ќе седи до мене на средбата со Гаши, ќе биде новиот мандатар и, веројатно, лидер на СДСМ“.  

 

Почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во Клубот на пратениците. Според најавите на средбата ќе се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива за окрупнување на парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

FOTO Sitel

Инаку, Заев на средбата стаса во придружба на Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, а Заев за ТВ21 синоќа изјави дека „личноста која ќе седи до мене на средбата со Гаши, ќе биде новиот мандатар и, веројатно, лидер на СДСМ“.

Средбата за зголемување на новото парламентарно мнозинство беше најавена вчера.