Author: НОВА ТВ Balaban

Србија направи сензација во Лисабон. Португалија во клучниот натпревар за  пласман на СП во Катар идната година загуби на домашен терен од Србија со 2:1 и така ја пропушти големата шанса директно да се пласира на Мундијал. Голот за Португал го даде Санчез во 2-та минута, а за Србија Тадиќ во 33-та и Митровиќ во 90-тата минута, пренесе index.hr. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им вети премија од еден милион евра на фудбалерите на Србија, пред да заминат за Лисабон, доколку ја победат репрезентацијата на Португалија.

Read More

Северна Македонија е најмалку корумпирана меѓу земјите од Западен Балкан, покажува студијата за степенот на корупција за 2021 година на швајцарската компанија за управување со ризици „Глобал Риск Профајл“ (ГРП). Земјава се наоѓа на 85-то место на листата на ГРП со индекс на корупција од 43,56 поени, пред Црна Гора на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на 125-та, а Босна и Херцеговина на 131-та. Според студијата на ГРП, најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, а по неа следуваат Норвешка, Нов Зеланд, Данска и Шведска. Глобалниот индекс на ГРП ја…

Read More

Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство во фудбал! Им честитам на нашите фудбалери кои нѐ носат во бараж и кои ни ја пружија оваа радост, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. – Горди сме на овој успех! Одиме понатаму, македонските срца се со вас, пишува во статусот. Фудбалската репрезентација вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го победи Исланд со 3:1 и ќе учествува во плејофот за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.

Read More

Кандидатот за градоначалник од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата, вечерва прогласи победа по вториот круг од гласањето што се одржа денеска, неофицијално со 136 гласови повеќе од неговот протв кандидат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива подржан од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов на страната на Државната изборна комисија од обработени околу 40 проценти од избирачките места за Дука гласале 1399, а за Поцеста 1360. Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани. Пред насобраните се обрати шефот на Изборниот штаб Артин Спахиу, кој рече дека тие се…

Read More

Извлекувањето на групите за баражот е закажано за 26 ноември.  Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе учествува во плејоф за едно Светско првенство, откако вечерва во Скопје го победи Исланд со 3:1 во последното коло од квалификации. Како  славеа македонските фудбалери може да погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/videos/1805221326336586/?t=19 Избраниците на селекторот Благоја Милевски во соблекувалната со песната „Земјо Македонска“ го прославија големиот успех. Извлекувањето на групите за баражот е закажано за 26 ноември.

Read More

За актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за нов мандат Румен Радев гласале 49,1 проценти од граѓаните, а за Анастас Герџиков – 26,5 отсто, лидерот на МРФ, Мустафа Карадај освоил 9,8 отсто, а независниот кандидат за претседател и шеф на Врховниот касационен суд Лозан Панов добил 5,06 проценти од гласовите. Излезните анкети од претседателските и парламентарните избори во Бугарија покажуваат дека излезноста била 32,9 отсто, соопшти Агенцијата за истражување Алфа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за нов мандат Румен Радев гласале 49,1 проценти од граѓаните, а за Анастас Герџиков –…

Read More

Честитки до моите фудбалери. За успехот е заслужен и мојот претходник Игор Ангеловски и играчите кои беа дел од овој квалификациски циклус. Раниот гол на Алиоски ни ја олесни работата. Исланд е сериозна репрезентација и бевме свесни дека до крајот моравме да бидеме максимално концентрирани, рече Милевски Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е задоволен од изданието на неговите избраници на вечерашниот натпревар со Исланд. Тој им го честиташе пласманот во баражот на репрезентативците за кои е убеден дека располагаат со квалитети за поголеми успеси. Милевски на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје, не заборави да ја истакне и заслугата…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва им ја честиташе победата на македонските фудбалери кои го победија Исланд и изборија бараж за Светското првенство што ќе се одржи во Катар. – Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Read More

Македонија е подобра, го заслужи второто место. Се работи за компактен тим кој долго време е заедно, се гледа кохезијата во тимот. Сакаме и ние еден ден да бидеме репрезентација како Македонија“, изјави Видарсон. По вечерашниот натпревар во кој Македонија го совлада Исланд со 3:1 и се пласираше во бараж за СП во Катар 2022, селекторот на Исланд, Арнар Видарсон, ги кажа своите импресии од дуелот на Арената „Тодор Проески“. Предводникот на островската селекција кажа дека нашиот национален тим го заслужил второто место и воедно честита за тимската обединетост и кохезија која владее во репрезентацијата, објави gol.mk. „Честитки…

Read More

Според Општинската изборна комисија до 18:30 часот, правото на глас го оствариле 8.534 граѓани или 44,46 отсто од вкупно запишаните 19.211. Во Дебар заврши гласањето во вториот круг од локалните избори каде во трката за градоначаник се Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ со коалицијата и Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Според Општинската изборна комисија до 18:30 часот, правото на глас го оствариле 8.534 граѓани или 44,46 отсто од вкупно запишаните 19.211. Кандидатот за градоначалник Дука го оствари правото на глас на гласачкото место 0537 во општинското основно училиште „Саит Најдени“. – На најдемократски начин…

Read More

Јоханесон од Исланд доби црвен картон на 10 минути пред крајот и македонската репрезентација сега игра со фудбалер повеќе.   Со голот на Елиф Елмас во 65 минута од натпреварот, Македонија води со 2:1 против Исланд! Претходно, репрезентацијата на Исланд го изедначи резултатот 1:1. Уште 15ина минути остануваат до крајот на натпреварот, којшто се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје , плус 12 минути судиска надополна. а со победа, Македонија, како втора во групата, ќе игра бараж за СП во Катар 2022 година. Јоханесон од Исланд доби црвен картон на 10 минути пред крајот и македонската репрезентација сега игра со…

Read More

Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева. Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче. Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената. – Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева. Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.

Read More