Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Дебар Хекуран Дука прогласи победа

0
By НОВА ТВ Balaban on November 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 14, 2021 21:54

Кандидатот за градоначалник од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата, вечерва прогласи победа по вториот круг од гласањето што се одржа денеска, неофицијално со 136 гласови повеќе од неговот протв кандидат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива подржан од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов на страната на Државната изборна комисија од обработени околу 40 проценти од избирачките места за Дука гласале 1399, а за Поцеста 1360.

Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани.

Пред насобраните се обрати шефот на Изборниот штаб Артин Спахиу, кој рече дека тие се партија која се грижи за сите, чии цели се НАТО и ЕУ а на македонски се заблагодари и за „ безрезервната подршка на СДСМ“.

Кусо се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Дебар и дебрани секогаш знаеле да го изберат она што е најдобро за нив и вети продолжување на подршката од централната власт.

-Драги и почитувани мои сограѓани од срце ви благодарам за подршката што ми ја дадовте и во следните четири години да бидат на чело на општината. Верувам во Бога и во Вас и заедно општината ќе ја направиме подобро место, онака како што заслужува Дебар. Како и до сега и во иднина ќе бидам градоначалник на сите, независно од национална, верска, партиска или било каква припадност. Сега ве повикувам да прославиме, достоинствено без никакви провокации на плоштадот Скендербег, а од утре да ги засукаме ракавите и ќе работите во оставрување на ветеното, рече Дука во, како што самиот го нарече повеќе од емотивно обраќање.

Тој, татко на градот беше и во изминатите две и пол години, кога дебрани му ја дадоа довербата на вонредните локални избори на 21 април 2019, што беа спроведени по смртта на Ружди Љата, кој почина во ноември 2018 година по кусо и тешко боледување.

Дука по занимање е лекар специјалист-уролог, вработен во општата болница со проширена дејност во Дебар, оженет е и е татко на три деца.

Дебар Победа прогласи Хекуран Дука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.