Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Граѓаните прашуваа колку време треба да помине од една до друга вакцина, односно по примањето вакцина против ковид-19 кога да се заштитат и против грип. Според најновите препораки, не мора да помине многу време – ако некој се вакцинирал против ковид-19, веќе следниот ден може да прими и вакцина против сезонски грип, само во друга рака треба да ја примат вакцината – вели д-р Соња Ралева, специјалист по општа медицина во поликлиниката Бит Пазар. Голем интерес кај скопјани за вакцинација против сезонски грип која, освен во Скопје, утринава почна и во повеќе градови низ земјата – Штип, Кочани, а вратите…
Вчера, 11 ноември, околу 13 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило удрило во 42-годишниот велосипедист Б.Ј. од Тетово и го напуштило местото на несреќата. Повредениот велосипедист пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Основачот на Викиликс и Стела Морис имаат два сина за кои таа рече дека се зачнати додека живееле во амбасадата на Еквадор во Лондон. Џулијан Асанж доби дозвола да се ожени со својата долгогодишна партнерка Стела Морис во затворот Белмарш, јави Би-Би-Си. Основачот на Викиликс и Стела Морис имаат два сина за кои таа рече дека се зачнати додека живееле во амбасадата на Еквадор во Лондон. Затворската служба соопшти дека апликацијата на Асанж била „испитана на вообичаен начин од началникот на затворот“. Затворениците имаат право да аплицираат за брак во затвор според Законот за брак од 1983 година и кога…
Граѓанскиот суд – Скопје денеска делумно го усвои тужбеното барање за клевета на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. При читање на пресудата, судијката Сузана Димитриев истакна дека се утврдува граѓанска одговорност на тужениот Александар Николовски од Охрид за клевета, затоа што на ден 20 август 2019 година во изјава дадена за ТВ Алфа во видео со наслов: Случај „Рекет – каде завршија милионите од Луј Витон чантата”, има изнесено невистинити факти, штетни за честа и угледот на тужителот. Николоски тврди во изјавата дека „вкупната сума на побарани, изрекетирани средства надминува 20 милиони евра”. „Досега ова…
Одлуката на Кастриот Реџепи да не учествува на седницата на која се очекува да се гласа за доверба на Владата ја искоментира вицепремиерот Артан Груби. Груби изјавил дека во собранието има две линии, „една кон Запад и друга којашто нѐ носела кон изолација“, објави Алсат.мк. Во врска со обвинувањата од лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, дека власта му се заканувала на пратеникот Кастриот Реџепи, Груби вели дека тоа се невистини. – Не е точно, Кастриот отсекогаш бил ориентиран кон ЕУ и НАТО. Неговото срце спие во Вашингтон и Брисел, рече Груби.
Постојани членови на Центарот се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава: проф. д-р Јадранка Стојановска од Њујорк универзитетот во САД, проф. д-р Розита Димова од Универзитетот во Гент, Белгија, проф. д-р Петар Поповски од Алборг универзитетот во Данска и проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот во Монтреал, Канада. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката го промовираше новоформираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на панелот на тема „УКИМ во интернационални рамки“. ЦеНИИс е нов инструмент на УКИМ со цел да ја зајакне интернационализацијата и меѓународната соработка. Неговата мисија е да ги поврзува научниците…
Се очекува Касами да даде изјава во Собранието, каде дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого одржуваат координација што по отсуството на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи Лидерот на Беса и актуелниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами, денеска пред Собранието истакна дека „тука е за да види што се случува, зашто нема информации“. Во врска со тоа дали е изненаден од неговиот пратеник Кастриот Реџепи, Касами кратко додаде: „Не, од ништо не сум изненаден“, вели Касами. Се очекува Касами да даде изјава во Собранието, каде дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого одржуваат координација што по…
Вчера (10 ноември) околу 16 часот и 40 минути, во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.В.(30) од друго тетовско село, кој околу пладне физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (10 ноември) околу 23 часот и 5 минути во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец А.К. кој бил вработен како обезбедувач, бидејќи ги попречувал во вршење на службените дејствија. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Во меѓувреме во медиумите се појавија документи кои покажуваат на која адреса живее Јован Јаулески, односно стан кој го плаќа Собранието, за којшто граѓаните плаќаат 330 евра месечно. ВМРО-ДПМНЕ уште рано утрово пласираат невистини, оркестрирано ја лажат јавноста во врска со отворената предистрага од страна на Финансиската полиција. Пратеникот Јован Јаулески излажа дека во неговиот дом Финансиската полиција вршела претрес, соопштија денеска од СДСМ. Во соопштението се додава: Како што јавно објави Финансиска полиција, претресот бил направен во стан на неговиот татко каде Јован Јаулески воопшто не живее. Во меѓувреме во медиумите се појавија документи кои покажуваат на која адреса…
Денеска (11.11.2021) околу 06.30 часот во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.Ј. (19) од с.Мрзенци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана, додека во дворот од неговиот дом било пронајдено пакување со прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Земајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми ги искомуницира висок дипломатски претставник, дека во декември има одлична шанса да имаме датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ, одлучив да не присуствувам на собраниската седница, објави Реџепи Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето БЕСА на својот Фејсбук профил објави дека решил да не учествува на собраниската седница за гласање на доверба на Владата. „Една од главните причини за мојот и политичкиот субјект Движење Беса на кое припаѓам, е евроатлантската интеграција на…