Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот му пресуди на Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во случајот против Заев, ама барањето за отштета е неосновано

0
By НОВА ТВ Balaban on November 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 11, 2021 16:28

Граѓанскиот суд – Скопје денеска делумно го усвои тужбеното барање за клевета на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

При читање на пресудата, судијката Сузана Димитриев истакна дека се утврдува граѓанска одговорност на тужениот Александар Николовски од Охрид за клевета, затоа што на ден 20 август 2019 година во изјава дадена за ТВ Алфа во видео со наслов: Случај „Рекет – каде завршија милионите од Луј Витон чантата”, има изнесено невистинити факти, штетни за честа и угледот на тужителот.

Николоски тврди во изјавата дека „вкупната сума на побарани, изрекетирани средства надминува 20 милиони евра”.

„Досега ова никој не го демантираше, што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен. Рекетирани се многу бизнисмени побарани се многу пари тоа е операција која што не може да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро смислена од врвот на СДСМ, координирана лично од Зоран Заев и понатаму управувано низ целата држава. Затоа е потребан кривична, но и политичка одговорност“ гласи изјавата на Николовски.

– Тужбеното барања на тужителот Зоран Заев од Скопје, да се заложи тужениот Александар Николоски да му исплати на тужителот на име надомест на нематеријална штета износ од 60.000 денари за нарушен чест и углед со законска казнена камата според НБ на РСМ која важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемено за осум проценти поени, а сметано од пресудувањето до конечната исплата во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, се одбива како неосновано, рече судијката Димитриев.

Во пресудата се вели и дека се задолжува тужениот Александар Николоски од Охрид ја објави изреката на пресудата на негов трошок „на простор не помал од една осмина од страница од првата до петтата страна од печатено средство за јавно информирање – дневен весник во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување”.

Против ова пресуда странките имаат право на жалба.

Зоран Заев му пресуди николоски против случајот Судот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.