Published: Thursday, November 11, 2021 13:20
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (10 ноември) околу 23 часот и 5 минути во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец А.К. кој бил вработен како обезбедувач, бидејќи ги попречувал во вршење на службените дејствија. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.




