Author: НОВА ТВ Balaban

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи се залага за рушење на актуелната власт, но по секоја цена не се потпишува на ист список со пратениците од Лецица. – Сите пратеници бевме убедувани дека Левица не потпишува. Договорот беше да се потпишат ЛДП, БЕСА, ВМРО и ние. Во духот на тоа се согласив да го дадам мојот потпис и секогаш ќе го давам секој потпис кога ќе мора да се отстрани злото за Албанците наречено ДУИ. Но, не по секоја цена. Ставот на Алтернатива отсекогаш бил таков, дека не смееме да се идентификуваме со партија која е антиалбанска по сите елементи. Така…

Read More

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев го напушти Собранието, по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. И двајцата не дадоа изјави за новинарите. Од СДСМ велат дека собранискиот спикер, Талат Џафери го повикал Заев за лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори. Средбите на Заев со Џафери и Ахмети следуваат по денешното барање за гласање доверба на Владата поднесено со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица. Претходно, Заев на „Фејсбук“ порача дека нема да дозволи Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја…

Read More

Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имaме, тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече Муртезани. Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува  состанок откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица. Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани…

Read More

Мицевски се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19 гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека биле запазени протоколите. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петковска, се позитивни на ковид-19, потврдува за тв 24, Мицевски. Тој во изјава вели дека се чувствува добро и нема ништо неизвесно во однос на неговото и гласањето на Петкова за недоверба на владата, објави тв 24. – Имајќи го предвид протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применет во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно…

Read More

Блерим Сејдиу од Движењето Беса е новиот градоначалник на Општина Желино. Управниот суд на денешната седница ја прифати тужбата на Движењето Беса, со која го потврди прелиминарниот резултат на локалните избори во Желино, каде победи кандидатот на Беса, Сејдиу. Од Беса ја оспорија одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на избирачкото место 2107 во Желино.  Сејди од БЕСА освои 5.171 гласа на локалните избори, а тоа е за 69 гласа повеќе од  Фатмир Изаири од ДУИ кој освои 5.102 гласа.

Read More

Илјадници луѓе минуваат низ Белорусија, која е обвинета дека им дозволува на мигрантите да стигнат до границата на ЕУ како одмазда за економските санкции, пренесуваат руските агенции. Според новинарските извештаи, Полска ги мобилизира своите територијални одбранбени сили за да им помогне на граничните контроли да ја спречат групата да влезе во ЕУ бидејќи се плаши од насилен конфликт. Со војници од двете страни на границата и илјадници очајни лица да ја преминат истата, хуманитарната ситуација е на пат да излезе од контрола, пишуваат информативните гласила.

Read More

Во Собранието во моментов на разговори се лидерите на најголемите партии од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, објави МКД.мк, според собраниски извори. Оваа средба доаѓа по денешното поднесување на барањето за гласање за доверба на Владата поднесена од 61 пратеник од новото собраниско мнозинство меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица. По ова барање, како што веќе објавивме, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за в четврток во 11:00 часот седницата на која треба да се гласа доверба на Владата. -Информираме дека во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за…

Read More

Раководството на Лигата и Националната асоцијација на кошаркари, работејќи заедно врз основа на препораките на експертите за јавно здравје и заразни болести на НБА, соопштија дека оние кои ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон пред повеќе од два месеци треба да примат бустер доза. Кошаркарската НБА лига им препорача на играчите, тренерите и судиите да примат трета, бустер, доза од вакцината против Ковид-19 со посебна итност за оние, кои примиле еднократна доза од производителот Џонсон и Џонсон. Раководството на Лигата и Националната асоцијација на кошаркари, работејќи заедно врз основа на препораките на експертите за јавно здравје и заразни болести на…

Read More

На 07.11.2021 во 22.45 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Р.М.(22) од Кичево, затоа што претходно, во куќа на заеднички пријател на ул.„Прилепска“, по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреда на М.Д.(41) од Кичево. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Оставката на премиерот Заев, оценува Шмид во интервјуто за партиското гласило на германските социјалдемократи, е лоша вест и за реформските напори во земјава, но и за иднината на целиот европски проект. Нилс Шмид, надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи во Бундестагот, апелира до премиерот Зоран Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција, додека на партиско ниво очекува да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и со евентуалниот нов лидер. -И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за четврток во 11:00 часот седницата на која треба да се гласа доверба на Владата. -Информираме дека во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во…

Read More

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2,…

Read More