Author: НОВА ТВ Balaban

Оваа година на Европскиот ден на правдата говориме за уште една силна потврда за напредокот во имплементацијата на реформите и европските стандарди во областите владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупција, објави Заев.  Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, по повод  Европскиот ден на правдата, додавајќи дека тоа е нашиот избор за храбри чекори на европскиот пат, кој носи европски стандарди и подобар живот. – Оваа година на Европскиот ден на правдата…

Read More

Веднаш ќе започнеме да ги решаваме проблемите со паркирањето во сите делови на општина Карпош – Карпош 1 и 2 – кај Драмски театар, Карпош 3 и 4, кај Млечен, Влае… изјави кандидатот на СДСМ за градоначалник на Карпош, Душко  Весковски. Спроведувањето на проектот за воведување на зонско паркирање во овие делови, најави тој, ќе ги подобри условите за паркирање на жителите, кои бесплатно ќе ги користат паркинзите. – Посетителите на деловните субјекти, од друга страна пак за симболична цена, комфорно и безгрижно ќе можат да го поминат времето на одредената локација. Истовремено ќе се создадат зелени површини со современо…

Read More

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на Антикорупциската комисија за иницијативите за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план Ц08 за Холидеј Ин и за лицата од ДИК кои учествувале во тендерот за печатени материјали за гласање. Антикорупциската комисија бара проактивност од институциите и побрзо решавање на иницијативите, барањата и препораките кои ги испраќа до нив. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, на денешната прес конференција, на која зборуваше за оценките на Европската комисија за ДКСК , истакна дека многу нивни предмети се заглавени во институцитте и дека со месеци чекаат одговори. Обвинителството сѐ уште не…

Read More

Секогаш може да се направат повеќе напори и да се испочитуваат сите препораки и мислења дадени од страна на ДКСК, како и да се пристапи кон поефикасно работење, сметаат од Антикорупциска. И во овој извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, како и претходно, повторно се нотира напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници. Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК,…

Read More

Неговиот менаџер изјави: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“ Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст. Актерот, кој го глумеше Гантер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер. Во 2018 година му бил дијагностициран ракот на простата. Неговиот менаџер изјави: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“ Во мај, Тајлер, кој глумеше келнер во серијата, накусо се појави и во специјалната повратничка епизода на „Пријатели“ преку Зум. „Тоа беа најнезаборавните десет години од мојот…

Read More

Жена и нејзинот совозач со автомобил влетаа во зградата на ЕУ, објави Сител. Инцидентот се случил вчера околу четири часот наутро кога жената, од засега неразјаснети причини, влетала со автомобил и го скршила надворешното  стакло на Канцеларијата на ЕУ во Скопје.  Таа ги поминала барикадите и стигнала до зградата во која се наоѓа  Канцеларијата на ЕУ. Се очекува МВР да соопшти детали за сообраќајката.

Read More

Сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии – соопштуваат од Комисијата Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија излезе со реакција по повод соопштението на членот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, за негова оставка. А претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, во изјава за МИА потврди дека…

Read More

Темата вчера била за Самоил, колку што знам, чиј текст е веќе договорен пред една година, но прашањето било кој текст и дали тој текст да се препорача како насока за учебниците, појаснува Османи. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, негира дека некој од МНР вршел притисок врз членовите на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија, за што денеска обвини членот на Комисијата Ванчо Ѓорѓиев, образложувајќи ја оставката. – Министерството за надворешни работи е координатор и го води процесот на разговори со Република Бугарија и го води разговорот со соодветните институции за имплементирање на Договорот за добрососедство од…

Read More

Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден  (21.10.2021 година) на  XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР, наведува Ѓорѓиев Ванчо Ѓорѓиев, член на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, денеска поднесе оставка. Како дел од причините за оставката Ѓорѓиев ги наведува обидите за политичко влијание врз работата на Комисијата од страна на висок функционер во МНР, измени во учебник по историја – дека разменетите предлог-идеи за учебниците за VII одделение за македонските…

Read More

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2019 година, најголемо учество во брутодомашниот производ на Република Северна Македонија имал Скопскиот регион со 43.4 %, додека најмало е учеството на   Североисточниот регион со 4.8 %. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 142.5, Југоисточниот регион со индекс 110.5, Вардарскиот регион 108.4 и Пелагонискиот регион со индекс 102.6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија, соопшти ДЗС.

Read More

Меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај открива дека Албанија има најголем пораст на смртни случаи во Европа, споредено со просечната смртност во периодот 2015-2019 година.  Албанскиот претседател, Илир Мета, реагираше во врска со рангирањето на Албанија како земја со највисока смртност во Европа од ковид-19, според ММФ, оценувајќи го како „алармантен факт, што треба да се сфати многу сериозно“.  Тој ги повикува Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата и властите одговорно да ги анализираат овие податоци, како и протоколите и  мерки за превенција и третман на пандемијата, на транспарентен и кооперативен начин со граѓаните.  Според Мета, слабите точки…

Read More

Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на Фејсбук. Тој го запознал ова семејство на Клиниката за хематологија, од каде си заминале по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. – На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана…

Read More