Author: НОВА ТВ Balaban

Ковачевски подвлече дека поради неодобрувањето на преговарачката рамка, Северна Македонија и Албанија губат драгоцено време, а тоа значи и зајакнување на интересот на трети страни во регионот. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) денеска во Солун, учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На самитот со премиерот Ковачевски присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Со Самитот претседаваше премиерот на…

Read More

Олаф Шолц многу остро, јасно и решително побара Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар. – Разговаравме за севкупната политичка ситуација во Европа и во светот, а тој јасно, решително и остро побара од нас да се приклучиме кон санкциите, нагласи Вучиќ. Српскиот претседател додаде рече дека тој говорел за традиционалните врски меѓу Србија и Русија, за специфичната ситуација околу Косово и Метохија, но и за претстојната зима. – Му благодарам што понуди помош во енергетиката и рударството, рече Вучиќ и додаде дека тој „никогаш…

Read More

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој ја предводи делегацијата во која е и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, работната посета на Италијанската Република, по повод промоцијата на Првата италијанско-македонска стопанска комора АПИ НОРДЕС, ја искористи и за остварување на повеќе средби со претставници на одделни италијански региони и на бизнис заедницата во оваа држава. Вицепремиерот Битиќи попладнево на прес-конференција информираше подетално за новата иницијатива за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Италијанската Република, заблагодарувајќи се на претседателот на Италијанско-македонската стопанска комора Мунир Шемши, италијански…

Read More

Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот. Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“. Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста што ја имаат функционерите пред граѓаните. Оние кои ќе треба да бидат тестирани се очекува „совесно и непристрасно да ги извршуваат своите обврски“, изјавија демократите. Законот предвидува носителите на јавни функции да се тестираат еднаш годишно, но ќе бидат информирани за тестот 48 часа порано. Тестот би се спроведувал во присуство на четиричлена…

Read More

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, упати писмо до претседателот Стево Пендаровски, заблагодарувајќи му се на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, изразени во писмото упатено од страна на претседателот Стево Пендаровски во месец мај 2022 година, информираа од кабинетот на претседателот Пендаровски. Во продолжение интегралниот текст на писмото: „Ваша Екселенцијо, Ве молам  примете ја мојата благодарност за Вашето срдечно писмо од 17 мај 2022 година и покажаната солидарност со нашата држава, која одлучно се спротивставува на руската агресија. Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет…

Read More

Околу 300 килограми кокаин скриени во контејнер со банани, биле откриени во Солун и уапсени четири лица, а според министерот за цивилна заштита на Грција, надлежен за полицијата Такис Теодорикакос, се проценува дека запленетиот кокаин е во вредност од 14 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека од уапсените четири лица, странски државјани на возраст од 38 до 52 години, двајца имале водечка улога во меѓународна мрежа за шверц на дрога. Дрогата била скриена во легален контејнер со банани што тргнал од Колумбија, а кокаинот бил наменет за Европа и Австралија. Разбивањето на меѓународната…

Read More

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, побара да остане ветото за Македонија, се додека не се формира новото парламентарно мнозинство. Според бугарскиот претседател, исклучително важно за земјата е Владата да обезбеди финансиска стабилност и помош за економијата, но во моментов мора и да остане ветото за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Изјавата на Радев е откако премиерот Кирил Петков на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, му соопшти дека ветото за земјава може да биде тргнато само ако се запази резолуцијата донесена во бугарскиот парламент, односно вклучување на Бугарите во македонскиот Устав и исполнување на Договорот за добрососедство.

Read More

На власта на СДСМ и ДУИ и треба дефокусирање на вниманието од животот во ценовни шокови и енормна инфлација и зголемена сиромаштија и затоа во моментот се случуваат два паралелни процеси. Едниот е посипување на лаги кон ВМРО-ДПМНЕ и мене лично, а вториот процес е дефокусирање на јавноста преку судски процеси и политички прогон како што го гледаме преку случајот Талир 2, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Неговиот став, како што рече, и натаму е „и родената сестра ако се огреши пред законот, треба да одговара, но не преку политички монтирани процеси и окторирани и партизирани…

Read More

Ние сме мала земја аспирант за членство во ЕУ, но можеме да бидеме чинител којшто во заедничкиот мозаик на ЕУ ќе биде дел којшто не треба да се заобиколи, порача денеска заменик премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи од Венеција, Италија каде со  министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на  Северна Македонија учествуваа на Бизнис форум на градоначалници и стопанственици од двете земји. -Овие два дена ги претставуваме можностите за концептот Near m-shoring и за вредносниот ланец којшто можеме да го донесеме во нашата земја. Затоа што видовме дека взаемната соработка е…

Read More

Во Полициското одделение Теарце А.Б.(29) од тетовско Нераште, вчера во 16.30 часот, вработен на бензинска пумпа на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пријавил дека околу 12.15 часот Т.И. од тетовска Голема Речица наточил гориво во своето возило во вредност од 5.000 денари и заминал без да плати. Се работи на расчистување на случајот.

Read More

На 09.06.2022 во 05.45 часот во ОВР Кавадарци, В.М.(52) од Кавадарци пријавил дека, додека извршувал работи на неговиот лозов насад, пронашол стара експлозивна направа. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, а од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Read More

Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, се вели во соопштението Во Центарот за управување со кризи вчера попладне стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево, во првиот дел од мостот, постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост, информираат од ЦУК. Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје,…

Read More