Олаф Шолц многу остро, јасно и решително побара Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар.

– Разговаравме за севкупната политичка ситуација во Европа и во светот, а тој јасно, решително и остро побара од нас да се приклучиме кон санкциите, нагласи Вучиќ.

Српскиот претседател додаде рече дека тој говорел за традиционалните врски меѓу Србија и Русија, за специфичната ситуација околу Косово и Метохија, но и за претстојната зима.

– Му благодарам што понуди помош во енергетиката и рударството, рече Вучиќ и додаде дека тој „никогаш не ги крие темите за кои разговара со гостите“.