Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи, под раководство на проф. д-р Милан Самарџиски, го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава, информираше денеска Министерството за здравство. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со…
Тоа најверојатно се должи на реалните промени во функционирањето на болницата, под притисок на јавноста по трагичниот настан. ДСЗИ ќе продолжи со вонредни надзори и врз оваа болница, но и врз сите останати Ковид центри, секогаш кога ќе добие пријава или по допрен глас – соопштија денеска од ДСЗИ. Четири дена по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени и по информациите дека и натаму блиски членови на семејствата се грижат за заболените од коронавирусот, инспектори на ДСЗИ во неделата направија вонреден надзор. – Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на…
По пристигнувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел, во Тирана, пред средбата со албанскиот премиер, Еди Рама, придружбата едвај ја отвори вратата од автомобилот. Меркел излезе од автомобилот и го поздрави Рама со тупаница, бидејќи ковид мерките се во сила, а албанскиот премиер, кој прво ѝ пружи рака, ѝ отпоздрави, како што може да се види на снимката. Албанскиот премиер ја пречека Меркел во Тирана со највисоки државни почести. Германската канцеларка, во рамките на својата проштална посета, во Албанија ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан, меѓу кои и со премиерот Зоран Заев.
Петунин објаснува дека со нормална реакција на телото од покачување на температурата, подобро е вакцинираното лице да остане дома. Досега, само 27 отсто од Русите се целосно вакцинирани со две дози. За споредба, во Западна Европа процентот надминува 70. Работодавачите во Русија мора да бидат обврзани да им обезбедат на вработените три слободни денови по секоја фаза на вакцинација против коронавирусот, соопшти Институтот за социјални истражувања и развој на граѓански иницијативи. Иако Русија беше прва во светот што се пофали дека развила вакцина против коронавирусот, вакцинацијата во Федерацијата е екстремно бавна. Досега, само 27 отсто од Русите се целосно вакцинирани…
На Нетанјаху му се суди во три случаи за корупција познати како Случај 1000, Случај 2000 и Случај 4000. Во случај 4000, кој е најсериозен од трите, Нетанјаху се сомничи дека ги злоупотребил своите овластувања додека бил премиер и министер за комуникации од 2014 до 2017 година Израелски медиуми објавија денеска дека двете лица кои загинаа во авионската несреќа во близина на грчкиот остров Самос, се Хаим Гарон и неговата сопруга Ести. Според „Тајмс оф Израел“, Хаим Гарон беше заменик шеф на израелското Министерство за комуникации и сведок во случајот за корупција против поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху. На Нетанјаху му…
Компаниите во сите анкетирани земји објавија поголеми можности за вработување до крајот на оваа година, во споредба со последните три месеци од 2020 година, јави Блумберг. Истражувањето, во кое беа вклучени речиси 45.000 работодавачи во 43 земји, покажа дека 69 проценти од испитаниците пријавиле проблеми при наоѓање персонал, што е максимум за изминатите петнаесет години, според податоците на давателот на услуги за вработување ManpowerGroup. Истовремено, 15 земји од Европа и Северна Америка предничат во намерите да ангажираат нови работници, и тие забележаа најголеми потреби за нова работна сила од 1962 година, односно од почетокот на редовното годишно истражување. Компаниите во…
Петицијата исто така ја повикува владата „да ги идентификува и официјално да ги врати оригиналните имиња на Те Рео Маори за сите градови и градови низ земјата“ во следните пет години и да го заврши процесот до 2026 година. Новозеландската партија на староседелци Маори покрена петиција за промена на името на државата во Аотеароа те Рео Маори, барајќи сите оригинални обележја на Маорите да бидат вратени во следните пет години. „Одамна помина времето Те Рео Маори да се врати на своето место и да го обнови првиот официјален јазик на оваа земја. Ние сме полинезиска земја – ние сме Аотеароа…
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, со максимална температура до 32 степени. Во наредните денови следува период на значително топло време за овој период…
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата. – Свесни сме и имаме голем број информации кои до нас пристигнуваат како од родители, деца и други членови на семејствата така и од наставници дека учебната година со физичко присуство претставува висок ризик по здравјето, како за децата така и за вработените и за семејствата поради несоодветниот начин на организирање на наставата, велат од МЕЃАШИ.…
Управата ја извршување на санкции ја информира јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга. – Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија. Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение, тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи, соопштија денеска од Управата за извршување на санкции. Како што претходно објавивме, Кичеец е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето…
Главната расправа за предметот „Титаник“, предвидена за утре, се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од ковид-19, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. Како што се наведува во соопштението, рочиштето за овој случај е презакажено за 22 септември.
Кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Вила Водно, денеска се одржува состанок на Советот за безбедност. Претседателот на социјалните мрежи ги објави темите за кои се зборува на состанокот: – Пред малку започна 13-тата седница на Совет за безбедност. Со членовите на Советот, со директорите на АНБ, АР, ЦУК и ДЗС – Димовски, Муслиу, Ангелов и Максути и со Зоран Петров, национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, разговараме за цивилите од Авганистан прифатени на нашата територија, како и за поставеноста на системот за управување со кризи, објави Пендаровски.