Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Имено, 51-годишниот маж целото време го минал во тоалет, па пилотот одлучил да го приземји авионот. Тој летал од Кипар за Цирих, Швајцарија Авион со 134 луѓе во себе, во саботата бил принуден на непланирано слетување во Австрија, откако патник „се заглавил“ во тоалет, не сакајќи или „не можејќи“ да излезе. Имено, 51-годишниот маж целото време го минал во тоалет, па пилотот одлучил да го приземји авионот. Тој летал од Кипар за Цирих, Швајцарија, а принудното слетување се случило вчера во австрискиот град Грац. Како што соопшти полицијата, човекот соработувал со цариниците и го напуштил тоалетот по принудното слетување. Властите…
Утре минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне 35. Во Скопје утрото ќе биде посвежо, 10 степени, а преку ден 32. УХМР најавува дека следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела, како што информира, ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер. Утре минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне 35. Во Скопје утрото ќе биде посвежо, 10 степени, а преку ден 32. До петок утринските температури ќе бидат од…
Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.09.2021 година (среда) до 19.09.2021 година (недела), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден. Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 15.09.2021 година (среда) ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје. Авионското прскање против комарци ќе се врши на 15.09.2021 година (среда) и на 16.09.2021 година (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.09.2021 година (среда) до 19.09.2021 година (недела), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската…
Како што соопшти МВР, несреќата е пријавена вчера во 07.50 часот во СВР Велес, а се случила на улицата „Панко Брашнаров“. Пешак од Велес е тешко повреден откако во него удрило патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник. Како што соопшти МВР, несреќата е пријавена вчера во 07.50 часот во СВР Велес, а се случила на улицата „Панко Брашнаров“. Возилото „Шкода јети“ било управувано од полицискиот службеник В.А.(25) од Велес, а удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Велес. – Во незгодата Д.Т. здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на…
Жал ми е што тоа некои политичари се уште не го сфатиле, дури се обидуваат да добијат уште еден градоначалнички мандат на маката на лозарите. Жал ми е, зашто градоначалникот на Кавадарци го ценам како мој пријател. Не ми беше јасно што се случуваше тој ден, вели Хоџа Нема да дозволиме како завчера, поединци политички да профитираат на сметка на лозарите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Хоџа уште еднаш повтори дека додека тој го води Министерството, политика во земјоделството нема да има и производителите нема да се делат по таква основа. Тој смета дека откупот…
Во однос на иницијативата на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за енергетската сиромаштија, Бектеши истакна дека наскоро ќе се знае кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со таа програма. Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека државата нема да се соочи со енергетска криза и оти такви неточни информации шират неколку новинари и портали, кои, исто така, пишувале дека ќе се зголеми цената на струјата, но, како што рече, тоа не се случи. – ЕСМ веќе работи, ги зголемува капацитетите. Но, треба да имаме предвид дека, ние како Министерство за економија и планот на Влада, сме зеле обврска…
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,395 ден/кг. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од вечерва на полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.…
Вчера (12 септември) околу 18 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.Ш.(31) од Гостивар, кој десетина минути пред тоа вербално се расправал со неговата снаа и и се заканил дека ќе ја запали куќата. Се расчистува и документира случајот.
Ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовски Тетекс и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на Фудбалскиот клуб Кадино од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар Вчера (12 септември) околу 19 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовски Тетекс и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на Фудбалскиот клуб Кадино од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи. Покрај…
Полициски службеници од Оперативен тим – Потраги, утринава во 09.35 часот на ул.„Трета Македонска бригада” во Скопје, ja лишиле од слобода О.Л.(37) од Скопје Триесет и седумгодишна скопјанка, која е барана по потерница, утрово е приведена од полицијата за издржување казна затвор. – Полициски службеници од Оперативен тим – Потраги, утринава во 09.35 часот на ул.„Трета Македонска бригада” во Скопје, ja лишиле од слобода О.Л.(37) од Скопје, којa се барала по потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, соопштија од…
Главни теми за дискусија и постигнување согласност ќе бидат лекциите научени од пандемијата на Ковид-19, засилување на кампањите за вакцинација, подготовки за следната пандемија Министрите за здравство и претставници на 53 држави од европскиот регион на Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат виртуелна средба по повод 71-та седница на Регионалниот комитет на СЗО), која ќе се одржи од 13 до 15 септември. Регионалниот комитет е телото на СЗО кое носи одлуки. Неговите седници се состаноци од највисоко ниво на тема јавно здравје во европскиот регион на СЗО, на кои министрите за здравство се собираат еднаш годишно за да дискутираат и…
Возачот на автобус со туристи починал на лице место, а според турските медиуми, претрпел срцев удар непосредно пред несреќата . Едно лице загина, а 49 се повредени во сообраќајна несреќа во Турција, кога се судрија училиштен автобус и автобус со туристи. Според последните информации, автобусот се судрил со минибус што превезувал ученици и се превртел. Возачот на автобус со туристи починал на лице место, а според турските медиуми, претрпел срцев удар непосредно пред несреќата . Меѓу повредените има 42 туристи од Украина, седуммина ученици, како и возачот на училишниот автобус. Сите се пренесени во болница. На фотографиите објавени на социјалните…