Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да се соочиме со енергетска криза, вели Бектеши

0
By НОВА ТВ Balaban on September 13, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 13, 2021 12:38

Во однос на иницијативата на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за енергетската сиромаштија, Бектеши истакна дека наскоро ќе се знае кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со таа програма.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека државата нема да се соочи со енергетска криза и оти такви неточни информации шират неколку новинари и портали, кои, исто така, пишувале дека ќе се зголеми цената на струјата, но, како што рече, тоа не се случи.

– ЕСМ веќе работи, ги зголемува капацитетите. Но, треба да имаме предвид дека, ние како Министерство за економија и планот на Влада, сме зеле обврска во делот на трансформација на енергетиката и веќе работиме и инвестираме во зелена енергија, како што се соларната и ветерната енергија, а дополнително на тоа очекуваме до крајот на годината да се завршат неколку фази и во делот на дистрибутивната мрежа за природен гас, а секако и за изградбата на „Чебрен“, изјави Бектеши на прес-конференцијата на Македонскиот енергетски форум.

Во однос на иницијативата на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за енергетската сиромаштија, Бектеши истакна дека наскоро ќе се знае кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со таа програма.

– Во однос не енергетската сиромаштија, тоа е обврска која ја имаме согласно потребите и барањето на енергетската заедница. Имајќи предвид дека веќе се подготвуваше и Планот во однос на клима-енергија која треба да се усвои во текот на октомври во Владата, веќе се одржуваат расправи и оттука ќе произлезат сите мерки. Ние веќе заедно со Министерството за труд и социјална политика, како и РКЕ, веќе подготвивме низа мерки во однос на проширување на бројот на граѓани, на домаќинства кои ќе можат да добијат надоместок од страна на државата и во вид на финансиска поддршка и дополнително и други мерки кои ќе имаат олеснување во делот на плаќање на такси или слично, рече Бектеши.

Тој очекува дека по усвојувањето на Планот за клима и енергија, ќе биде усвоена и Програмата за енергетска сиромаштија. Бектеши посочи дека во зависност од финансиските можности за наредната година, ќе се одлучува кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со енергетската сиромаштија.

-Дополнително на тоа ќе направиме план за наредните пет години во делот на проширување на бројот на опфатени граѓани, рече Бектеши.

енергетска криза Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.