Author: НОВА ТВ Balaban

Како што информира МВР, од нив 34 биле казнети на територијата на Битола, 39 на територијата на Прилеп, а 13 на територијата на Ресен. Полициски службеници денеска во периодот од 12 до 18 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 98 возачи. Како што информира МВР, од нив 34 биле казнети на територијата на Битола, 39 на територијата на Прилеп, а 13 на територијата на Ресен. – Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат…

Read More

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 18:15 часот и ќе трае до остранување на дефектот. Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80 милиметри предизвикан од страна на инвеститор на улица „Гемиџиска“ број 49, прекин во водоснабдување имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Филип Филиповиќ“ во скопската населба Железара. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 18:15 часот и ќе трае до остранување на дефектот. – Дефектот инвеститорот ќе го санира сам, се додава во соопштението.

Read More

Грдото, некрофилно ВМРО-ДПМНЕ нема основно чувство за човечност, ниту пак за сериозност. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, ништо не им е свето, ниту важно, се вели во соопштението на СДСМ. По серијата соопштенија од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со  трагедијата во модуларната болница во Тетово. СДСМ денеска излезе со реакција во јавноста. – Деновите на колективна жалост и тага, кога сите сочувствуваат со семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Тетово, не се денови за политикантство. Грдото, некрофилно ВМРО-ДПМНЕ нема основно чувство за човечност, ниту пак за сериозност. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, ништо не им…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од премиерот, Зоран Заев, и министерот за здравство, Венко Филипче, по синоќешната трагедија во која изгоре Ковид центарот во тетовската болница при што настрадаа 14 пациенти. – За оваа трагедија граѓаните сакаат да имаат извештај кој ќе биде веродостоен и точен, изјави заменик-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Одговорност за трагедијата во Тетово бараат и опозициските партии. Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека овие се денови на жалост, а дека треба да се утврди одговорност. – Во никој случај, не смеат да поминат без одговорност. Но, во секој случај, сите ние треба да бидеме блиски…

Read More

9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од  Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г). Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид…

Read More

Медицинскиот персонал го сочинувале двајца лекари и четири медицински сестри. Меѓу медицинските работници нема починати и повредени. Починатите во пожарот во Тетово кој избувна синоќа биле на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, на Институтот за судска медицина ќе се прави и  анализа на ДНК за за утврдување на идентитетот на починатите, за што се  информирани и членовите на семејствата на пациентите, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција во Владата, по синоќешната трагедија во Тетово кога во пожар изгоре модуларната болница и настрадаа 14 пациенти. Министерот Филипче рече дека во ковид центарот…

Read More

Како што информираат од АВМУ, финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ. Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната седница одлучи да додели еднократна финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, во висина од 60.000 денари по семејство. Како што информираат од АВМУ, финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразуваат длабоко сочувство до семејствата на починатите. 

Read More

Балканот е од најголема важност. Албанија и Северна Македонија ги исполнија условите за почеток на преговорите и тие треба да започнат веднаш, изјави Линде  Приоритет на Стокхолм и Прага за време на нивното претседавање со Европската унија ќе биде Западен Балкан и напредок на земјите од регионот во реформите насочени кон почитување на европските вредности, најавија денеска министрите за надворешни работи на Шведска и Чешка, Ан Линде и Јакуб Кулханек. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Чешка ќе претседава со ЕУ од јули 2022 година, по што во јануари 2023 година претседателството ќе го преземе Шведска. – Би…

Read More

Можно е да има и повеќе загинати, но засега официјално не може да биде потврдено. Ова е многу тажен ден. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме. Изразувам сочувство до семејствата, соопшти Филипче. Итна седница на Кризниот штаб се одржува во Тетово по страотниот пожар кој избувна вечерва во 21 часот и 2 минути, а во кој за неполни 40 минути изгоре ковид центарот  во тетовската Клиничка болница. Министрот…

Read More

Пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се. Има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации, изјави Трајчевски. За речиси половина час, повеќе од 30 пожарникари кои интервенирале со седум возила го изгаснале пожарот што избувна вечерва во Ковид центарот во Тетово. – Имаше и експлозии од боците со кислород во собите, пламените јазици беа огромни. Од болницата се изнесуваа и жртви, сведочи…

Read More

Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани – соопштија од Министерството за здравство. Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово, каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. – Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат…

Read More

Информирана сум дека толку брзо се случило. Немам други информации за можни жртви, тоа ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам,  многу болни луѓе тука биле на лекување Пожарот во болницата избувнал со голема брзина, пред околу еден час, изјави вечерва градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Таа рече дека, засега, нема информации за жртви во пожарот. – Информирана сум дека толку брзо се случило. Немам други информации за можни жртви, тоа ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам,  многу болни луѓе тука биле на лекување, рече градоначалничката Арифи.  Таа вели дека за здравствената состојба на пациентите и за тоа каде се евакуирани,…

Read More