Како што информираат од АВМУ, финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната седница одлучи да додели еднократна финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, во висина од 60.000 денари по семејство.

Како што информираат од АВМУ, финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразуваат длабоко сочувство до семејствата на починатите.