Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега потврдени 10 жртви во пожарот во Тетово, Итна седница на Кризниот штаб

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 8, 2021 23:59

Можно е да има и повеќе загинати, но засега официјално не може да биде потврдено. Ова е многу тажен ден. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме. Изразувам сочувство до семејствата, соопшти Филипче.

Итна седница на Кризниот штаб се одржува во Тетово по страотниот пожар кој избувна вечерва во 21 часот и 2 минути, а во кој за неполни 40 минути изгоре ковид центарот  во тетовската Клиничка болница.

Министрот Филипче предмалку на Твитер потврди дека досега биле потврдени 10 жртви во пожарот.

„Можно е да има и повеќе загинати, но засега официјално не може да биде потврдено. Ова е многу тажен ден. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме. Изразувам сочувство до семејствата“, соопшти Филипче.

Во центарот, според неофицијални информации, биле хоспитализирани повеќе од 20 пациенти, за коишто се грижеле десеттина вработени.

Според информациите, на седницата на Кризниот штаб, која се одржува во зградата на Општина Тетово, присутни се премирот Зоран Заев, првиот вице-премиер Артан Груби, министрите Венко Филипче, Љупчо Николовски, Аријанит Хоџа, Оливер Спасовски и други.

Се очекува во секој момент да заврши седницата, по што ќе бидат соопштени најновите сознанија за бројот на жртвите и повредените во пожарот во ковид центарот.

Министерството за здравство пред повеќе од еден час потврди дека има жртви во страотниот пожар во центарот.

„На готовс“ се и вработените на скопските клиники, каде се очекува да бидат пренесени некои од повредените пациенти.

Според последните информации, сепак нема да има изјави по седницата на  Кризниот штаб, како што кажа вечерва, 15ина минути по полноќ, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

жртви Кризен штаб пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.