Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, на граѓаните, општините и државата за напредок и развој на секој наш град, секое село и населено место, истакна Заев по потпишувањето на Договорот Со коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, СДСМ и уште 20 политички партии заеднички ќе настапат на претстојните локални избори. Договорот за коалицијата беше потпишан попладнево на средба во штабот на СДСМ. Дефинирани се соработки на повеќе нивоа,…
Директен пренос во живо ќе се емитува на првиот канал на Националната телевизија и на Јутјуб и Фејсбук каналите на Владата на Северна Македонија. Симфонијата „Убави денови“ ќе ја изведе Филхармонијата на Северна Македонија под диригентската палка на Бисера Чадловска. Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност. Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста започна денеска попладнево пред Собранието на Република Северна Македонија со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на овој значаен јубилеј. Директен пренос во живо ќе…
Франција ќе биде внимателна за да преговарачката рамка, која ќе биде усвоена, ја одразува новата методологија за процесот за членство, која јас ја посакував, и ќе продолжи да ги унапредува и да ги поддржува суштинските реформи за европското приближување на Северна Македонија, особено во клучните области како што е владеењето на правото, кои се во сржта на европските вредности, порача Макрон. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска до Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски, упати честитки по повод Денот на независноста на нашата земја. Во честитката се вели: Господине Претседател, По повод националниот празник на Република Северна Македонија, во име…
Денот на независноста на Република Северна Македонија, и претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ,им го честиташе на сите граѓани на нашата земја. – Триесет години подоцна продолжуваме да ја градиме Република Северна Македонија, како меѓународно призната земја, со европска перспектива, со многу пријатели со кои соработуваме со цел да обезбедиме одржлива и уште подобра иднина за сите граѓани. Над темелите на референдумот, изјавата на независноста и Охридскиот договор, но и оној од Преспа и добрососедството, ние го избравме дијалогот, еднаквоста и соживотот, но и пријателство со соседите и го одредивме нашиот пат кон НАТО и Европската унија.…
За да продолжат да примаат социјална помош, долгорочно невработените лица ќе треба да одработат 37 часа општествено корисна работа, како што е собирање ѓубре, секоја недела. Некои мигранти во Данска ќе треба да работат 37 часа неделно за да можат да добијат социјални бенефиции, соопшти денеска данската Влада. Тоа ќе се однесува на оние мигранти кои добивале социјална помош три до четири години и кои не го совладале доволно данскиот јазик. Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека тоа е директно наменето за жени кои не се со потекло од Западот, но живеат од социјална помош. Таа вчера го претстави реформскиот…
Честитки за Денот на независноста на Република Северна Македонија денеска преку Твитер упатија и од мисијата на НАТО. „Придружете ни се во прославата на Денот на независноста на нашиот нов сојузник Република Северна Македонија. Запознајте ја Специјалната елитна единица која се нарекува ,,Волци“, стои во објавата на Твитер, на која е ставено и видео за Специјалната единица ,,Волци“. Retweet to join us in celebrating our newest Ally 🇲🇰 #NorthMacedonia’s #IndependenceDay 🤝 @MKmissionNATO #WeAreNATO 📺 Meet their elite special forces unit who call themselves “The Wolves” pic.twitter.com/U1MgoD8yxt — NATO (@NATO) September 8, 2021
Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 750.893 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.214 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.232 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 589.573 граѓани. Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза…
Посебно чувство на благодарност и на почит се воспоставува на средба со претставниците на генерацијата која го понесе товарот на прогласувањето на самостојноста и на меѓународното признавање на нашата држава во редот на современите демократски држави, вели Заев Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, којашто ги постави темелите на независноста на нашата држава, на церемонијата за доделување на орденот „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, напиша Премиерот…
Министерот загинал на лице место, а повредениот Мељник бил пренесен во болница, но подоцна им подлегнал на повредите. Ова го соопшти главната уредничка на „Русија денес“ Маргарита Симонијан. Трагедијата во рускиот град Норилск се зголемува откако за време на вежба рускиот министер за вонредни ситуации Евгениј Зиничев, се обидел да спаси режисер, кој паднал во вода за време на снимање на вежба. Според руските медиуми, режисерот Александар Мељник во еден момент паднал во водата, а министерот Зинчев не чекал и веднаш тргнал по него, но во миговите удрил во камен. Министерот загинал на лице место, а повредениот Мељник бил пренесен…
По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“- Охрид му се констатирани тешки телесни повреди. На 07.09.2021 во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар, информира МВР. По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“- Охрид му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.
Оваа Меѓународната ликовна колонија e една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид во нашата земја, заедно со Струмичката и Прилепската, а е единствена која работи во сакрален амбиентален простор, информира координаторот на колонијата, проф.Јордан Михајловски. Од денеска до четиринаесетти септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски ќе се одржи 35. јубијелно издание на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот-закрилник на ова древно светилиште, Св. Јоаким Осоговски. – Оваа Меѓународната ликовна колонија e една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид во нашата земја, заедно со Струмичката и Прилепската, а е единствена која работи во сакрален амбиентален…
Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола организира прослава на 8 Септември – Денот на независноста. Од опозициската партија велат дека тоа ќе биде „вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста“. ВМРО-ДПМНЕ во Битола прво ќе одржи трибина, „30 години се грижиме за Македонија“, на која ќе учествуваат поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, поранешниот технички премиер, Емил Димитриев, и првиот градоначалник на Битола, Златко Милошески. Централниот дел од прославата на…