Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ со 20 политички партии заеднички ќе настапат на претстојните локални избори

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 8, 2021 17:26

Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, на граѓаните, општините и државата за напредок и развој на секој наш град, секое село и населено место, истакна Заев по потпишувањето на Договорот

Со коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, СДСМ и уште 20 политички партии заеднички ќе настапат на претстојните локални избори.

Договорот за коалицијата беше потпишан попладнево на средба во штабот на СДСМ. Дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

Како што рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, коалицијата на изборите ќе има широка кадровска понуда и принципиелна соработка во првиот и вториот изборен круг. Вака поставена, нагласи, коалицијата е гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, развојот на регионите и општините.

– Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, на граѓаните, општините и државата за напредок и развој на секој наш град, секое село и населено место, истакна Заев по потпишувањето на Договорот.

Со нас, дополни, граѓаните се на чисто. Нашата понуда не е „мачка во вреќа”, туку реалност која зборува за најдоброто сама по себе.

Според Заев, вредносниот граѓански концепт на „едно општество за сите”, значи продолжување на успешната коалициска соработка со партнерите ДУИ, БЕСА и ДПА на локалните избори, преку изградени критериуми за заемна поддршка на кандидатите со најдобра програма и најголема доверба кај граѓаните.

-СДСМ е прогресивна и модерна партија која своите партнерства ги гради на идеолошки заложби и програмски концепти, а не со меници и притисоци својствени за едно друго режимско време. Ме радува што нашите партнери ги делат истите вредности. Искрено вложуваме во нашата цврста определба дека сите граѓани се еднакви, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност. Цврсто веруваме дека владеењето на правото, почитувањето на човековите слободи и права, економскиот прогрес, меѓуетничкиот соживот и толеранција, се столбовите на кои почива модерната македонска држава, напомена Заев.

Тој оцени и дека четири години работите се менуваат на подобро, и на централно и на локално ниво.

-Наследивме општини заглавени во долгови, без визија за развој, но веднаш почнавме да работиме на нивна трансформација. Директно од Буџетот насочивме 50 милиони евра, им помогнавме да се раздолжат, обезбедивме и дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво, нагласи Заев.

Осврнувајќи се на реализираното, Заев потенцира дека никогаш досега не се инвестирале толку многу средства во општините, рамномерно, а спроведени се, рече, над 7.000 проекти.

-Наместо во барок, споменици и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Се што зналчи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, истакна Заев, додавајќи дека и на централно ниво е направен голем исчекор, и во меѓународните односи и во економските текови.

Лидерот на СДСМ подвлече и дека денешното потпишување на Договорот има симболика.

– На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност, подвлече Заев.

Зоран Заев коалицијата „Најдоброто за мојата општина политички партии СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.