Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Тој објасни дека компанијата „Фајзер“ не дозволила ниту една земја да обезбедува, продава или донира вакцини без ратификација од Народното собрание и апелираше до пратеникот Христо Гаџев од ГЕРБ-УДФ да не дава предлози за промени барем за оваа ратификација, за да не се запре донацијата. Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на Македонија. Дозите на вакцини што ќе се донираат се со серии броеви FA7083, FC8736 и FA4632 и со рок на траење до 30 септември 2021 година. Донацијата е вредна 1.560.635 лева. Во текот на дискусиите за…
Имајќи ја предвид пандемијата со Ковид-19, претседателот Пендаровски орденот „8 Септември“ му го врачи во неговиот дом. Во видеото Андов нагласува дека граѓаните сакале своја држава и дека тие во Собранието ги застапувале нивните барања и потреби. На настанот се обрати и Никола Стојановски, пратеник од првиот состав на Собранието 1990-1994 година. Претседателот Стево Пендаровски со орден „8 Септември“ денеска ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. Во своето обраќање Пендаровски порача дека политичките елити во земјата треба одново да постигнат…
Државниот секретар на САД во писмото истакнува и дека САД со гордост ја поздравиле Северна Македонија како 30 земја-членка во НАТО кое членство, според него, е доказ за посветеноста на земјата кон регионалните и глобалните мир и безбедност. Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со писмо до шефот на дипломатијата, Бујар Османи, честита 30-години независност и порачува дека САД се големи поддржувачи на Северна Македонија. „САД се покрај вас додека вие продолжувате со вашите напори за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, унапредувајќи го владеењето на правото и засилувајќи ги вашите демократски институции. Северна Македонија, исто така, ја има…
Сладоледот го однел полскиот кардинал Конрад Крајевски, човекот на Папата за помош на сиромашните, инаку еден од најмладите кардинали кој има 57 години. За време на едно од најжешките лета во историјата на Италија, папата Франциско испрати 15.000 сладоледи на затвореници во два римски затвори, објави денеска Ватикан, јавуваат светските медиуми. Во соопштението од канцеларијата на папата за хуманитарни акции се наведува дека сладоледите биле испратени во затворите на Регина Коели и Ребиби, пренесуваат агенциите. Сладоледот го однел полскиот кардинал Конрад Крајевски, човекот на Папата за помош на сиромашните, инаку еден од најмладите кардинали кој има 57 години. Канцеларијата на…
Во рамките на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, што се одржува во Виена, Австрија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Каха Кучава. Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери изрази задоволство што по воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во 2019 година, политичката соработка на високо ниво се движи по нагорна линија, а потврда за ова е посетата на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на нашата земја во мај годинава. Тој се осврна на унапредувањето на меѓу-парламентарната соработка, истакнувајќи дека во…
Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана на 7 септември, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ. Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ. Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности. Цврсто сме убедени дека приоритетите на ДС за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма и ќе бидат реализирани…
Нова ТВ по повод Денот на независноста ви презентира погледи, ставови, доживувања, мемоари на претставници од јавниот и политичкиот живот за значењето и улогата на референдумот и процесот на осамостојувањето на Република Македонија Пишува: Слободан Богоески Референдумот за независна и самостојна Република Македонија од 8 септември 1991 година беше израз на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и своја независна држава. За првпат, по повеќе од два милениума, Македонците сами одлучуваа за својата судбина – дали сакаат да живеат во самостојна држава и самите да одлучуваат за својата иднина или да останат во рамките на југословенската федерација која веќе…
Локалот може да биде затворен од 10 до 30 дена, а казната за одговорното лице 1.500 евра. Скопското кафуле „Интермецо“, синоќа беше затворено од Државниот пазарен инспекторат, поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19, пишува Сакам да кажам. Синоќа имало журка со познатиот ди-џеј Роџер Санчез. Во координирана акција на Општина Центар, МВР и ДПИ, било утврдено дека имало повеќе луѓе од потребното, односно согласно препораките, па кафулето било затворено. Гостите имале сертификати за вакцинација, на врата полицијата ги легитимирала гостите и им барала сертификати, но проблемот настанал подоцна кога локалот се преполнил со гости и имало повеќе од…
Парите од ЕУ, според Советот, би требало да бидат употребени за реформи кои би го отвориле патот кон членство во Унијата. Земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија) и Турција до крајот на 2027 година треба да добијат помош во висина од 14,2 милијарди евра од т.н. помош за приближување кон Европската унија, пренесе Дојче Веле. Помошта, која во јуни годинава беше „испреговарана“ од страна на португалското претседателство со Унијата и претставници на Европскиот парламент, вчера доби зелено светло од Советот на земјите членки на ЕУ. Парите од ЕУ, според Советот, би…
Премиерот Зоран Заев нагласи дека 8 Септември, Денот на независноста, е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија. „Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи. Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други, нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата. Да живее Република Северна Македонија!“, вели Заев во објавата на Фејсбук.
Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам и за извонредното гостопримство во кое отсекогаш уживав во моите бројни посети, вели Ќучук Специјалниот известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста посочувајќи дека нашата земја стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан. – Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам и за извонредното гостопримство во кое отсекогаш уживав во моите бројни…
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември – Денот на независноста, денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје, информираа од Кабинетот на претседателот Пендаровски.