Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Досега 724 лица починале, а најмалку 2.800 се повредени во разорниот земјотрес што вчера се случи на Хаити, пренесува Гардијан. Стoтици лица се водат за исчезнати. Во земјата е прогласена вонредна состојба. Епицентарот на земјотресот бил на 160 километри од главниот град Порт-о-Пренс и на 10 км длабочина. По земјотресот морето ги преплавило улиците во градот на Хаити, а на социјалните мрежи се објавуваат страотни слики од несреќата што вчера го снајде Хаити. Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република. Во земјотресот во 2010 година на Хаити загинаа над 220.000 лица, а уште 300.000 беа повредени. I…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: · Во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1. · Регистрирани сe…
Ако јас решам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене, вели Заев. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не. Но, според него, државата мора да води грижа за колективното здравје. – Ако јас решам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје.…
Во 18.15 часот вчера во Полициското одделение Арачиново, С.Р.(35) од с. Арачиново пријавил дека во неговиот двор по претходна расправија, тој и неговата сопруга Р.Р. биле физички нападнати со тврд предмет од Џ.Б, Е.Р и Б.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поранешната ѕвезда на германскиот фудбал, „кралот“ на головите, Герд Милер почина во 75-та година од животот. Легендата се мачеше и со Алцхајмерова болест, а трагичната вест утрово ја растажи и Германија, но и светскиот фудбал. Милер беше еден од најистакнатите Германци во историјата, остави огромна трага во Бундеслигата и со настапите за репрезентацијата. Повозрасните велат „таков голгетер нема веќе да се роди “, пренесуваат спортските портали и агенциите. – Денеска е тажен ден, црн ден за Баерн и за сите фанови. Герд Милер беше најдобриот напаѓач кој некогаш играл, човек, личност во светскиот фудбал. Без него, Баерн не би бил ваков…
Законот ќе остане таков каков што е, за да нема замерки дека во „пет до 12“ нешто се прави, а притоа, тоа би било само блокада на законското решение, вели Заев. Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври, иако партиите подолго време разговараа за нив, најави денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој разговарал со претседателот на Собранието Талат Џафери. Според Заев, партиите ги усогласуваат ставовите, но не можат да ги усогласат сите ставови заради реакциите од страна на Левица, дел од владејачките и дел од опозициските партии. – Претседателот на…
За тоа дали и како нашата Влада ќе реагира по новите случувања во Авганистан Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање од Канал 5, изјавил дека Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и нашата Влада и дека ги информирал нашите стратешки партнери, САД, дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. – Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека сме спремни да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан, кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија,…
Во северниот дел на Егејското море во текот на вчерашниот ден биле измерени 29 и 30 степени, што е за два до четири степени повисока температурата од просечно измерената во периодот 2008-2018 година. Долгиот период со високи температури и отсуството на силен ветер, резултираше со високи температури на површината на морето во повеќе делови на Грција, според податоците објавени од порталот „Метео“ на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Во северниот дел на Егејското море во текот на вчерашниот ден биле измерени 29 и 30 степени, што е за два до четири степени повисока температурата од просечно измерената…
МВР денеска го потврди случајот со починатото лице на охридска плажа, за кое медиумите синоќа објавија дека министерот за здравство, Венко Филипче се обидел да го спаси. Станува збор за 71-годишен скопјанец. – На 14.08.2021 година во 19.05 часот, во СВР Охрид, од Итната медицинска помош е пријавено, дека на плажа во близина на хотелски комплекс во Охрид има починато лице. Од увидот било констатирано дека станува збор за 71 годишно лице од Скопје, велат од СВР Охрид. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено…
Прашање на време беше кога ќе се воведат мерки и кај нас, бидејќи така функционира цел свет, скоро сите земји во Европа каде сертификат за вакцинација станува секојдневие и “пропусница”, билет, како сакате, за движење. Мора да се стави ред, па разбирливо е да има нови мерки, но предизвик со кој би се соочиле ние угостителите се редарите кои ќе треба да ги прегледуваат сертификатите и овде, искрено се надевам на поддршка од надлежните институции – дали МВР или ДПИ. Но, во ниту еден случај не треба да сме оставени сами и да се соочуваме со несакани настани или сцени…
Премиерот Заев истакна дека изминатиов период на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот. Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава, се изведуваат очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично значат севкупно подобрување на животот на граѓаните, изјави претседателот на Владата на Република Северна…
Според последните информации кои ги добивме компаниите кои ги ангажираат работниците не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен. Во изминативе 24 часа, на дежурните телефони во МНР пријавени се неколку граѓани кои имаат свои роднини и/или пријатели во Авганистан, кои појавиле интерес за состојбите во Авганистан, за нашите активности, но притоа не е побарана асистенција за нивно извлекување. Од вчерашната инструкција на нашата дипломатска мрежа за контакт со соодветните Министерства за надворешни работи…