Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Потврдени се некои случаи меѓу мажи кои имаат сексуални односи со мажи. Некои случаи се потврдени и кај луѓе коишто живеат во исто домаќинство со заразеното лице, посочуваат од CDC. Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) го подигна нивото на аларм поради мајмунските сипаници и препорача носење маски во текот на патувањата, но предупреди дека не станува збор за истото ниво на загриженост како во случај на коронавирусот. Симптомите на мајмунските сипаници на почетокот се слични на грипот, а потоа пациентите развиваат болен исип и лезии, како и отечени лимфни јазли, објаснуваат од CDC. Периодот на инкубација…
Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што, додаде Петков. Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија. – Ништо нема да правиме под притисок, изјави Петков при посетата на местото Садово, кое беше погодено од град. Како што јави БГНЕС, Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барања и потреби за…
Кога во 1983 година одекна веста дека на чело на „Тетекс“ од Тетово, на местото на легендарниот Стојан Ѓорчевски, кој 24 години раководеше со текстилниот комбинат, доаѓа директорот на „Енергетика“, Глигорие Гоговски, многумина ги вртеа главите во неверување, затоа што во социјализмот тоа не беше нормална ротација. По три години од директорувањето со овој значаен стопански капацитет, господинот Гоговски веќе беше во фотелјата на претседателот на Владата на Македонија, како прв бизнисмен во нејзината историја. Имаше само 43 години. Дојде тивко, а од политичката функција си отиде, исто така, тивко и во бизнисот одработи уште полни 31 години. Имав чест,…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM 10 јуни (петок) 2022 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.
Тетово и денеска околу пладне го погоди силно невреме со интензивни врнежи од дожд и град што траеја околу половина час. Ова е второ силно невреме во градот по Шара во последниве десет дена, а од денешните обилни врнежи тетовци досега не пријавиле поголеми проблеми. Преку социјалните мрежи се објавуваат фотографии од поплавени улици, бидејќи водата не може брзо да навлезе во атмосферската канализација. По поплавите што се случија минатата недела, поднесени се над 130 пријави за штети направени и од пожарот и од поплавите. Од нив, 97 се за поплавени куќи и подруми, а останатите за штети предизвикани на земјоделски…
Во врска со одлуката Македонија да не му дозволи на рускиот авион да прелета над државата, а со кој требаше да се превезува Сергеј Лавров, , премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека „забраната важи за сите“. – Ние имаме донесено одлука за забрана за прелети на руски авиопревозници преку територијата на нашата држава. Ние сме членка на НАТО, што значи дека одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки и ние имаме целосно усогласена надворешна политика со политиката на ЕУ. Во однос на конкретниот авионски лет, нема никаков друг третман во однос на одлуката која што е донесена…
Забранет е влез на три пратки од увоз со храна од животинско потекло со вкупна тежина од 33 898 килограми, а нема уништени небезбедни пратки со овој тип на храна. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година ја поддржува глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на безбедна храна – 7-ми Јуни, која годинава по четврти пат ќе се одржи утре под мотото ,,Побезбедна храна, подобро здравје,,. Како одговорна институција за контрола и унапредување на безбедноста на храната, во интерес на здравјето на граѓаните, АХВ континуирано работи на превенирање и управување со ризиците поврзани со храната, а со…
Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.
Од нив 2675 апликации за набавка на трактори, 132 апликација за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 апликации за набавка на опрема за производство на тутун, 24 апликации за изградба на силоси и 8 апликации за изградба на мандри. Зголемен интерес кај земјоделците бележат последните пет јавни повици кои беа распишани од програмата за Рурален развој за 2022 година, преку кои се овозможи поддршка за набавка на трактор, поддршка за изградба на силоси, изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун и грантот за рурална жена. Рокот за аплицирање на овие јавни повици беше…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % во однос на одлуката од 3.06.2022 година, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179%, кај дизелот за 1,697%, кај екстра лесното масло за 1,673% и кај мазутот зголемувањето е за 0,482%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за…
Полициски службеници уапсиле тројца битолчани откако кај нив се пронајдени 17 таблетки и грутчеста материја, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Денеска од страна на полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(24), С.С.(24), Н.П. (25), сите од Битола, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени 17 таблетки и грутчеста материја, посочуваат од МВР. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од Кривичниот законик.
Од 30 мај до 5 јуни годинава МВР спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 539 возачи. Од Министерството велат дека од нив, 340 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 121 возеле без возачка дозвола, 15 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме…