Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глигорие Гоговски, бизнисмен и џентлмен

0
By НОВА ТВ Balaban on June 7, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2022 10:11

Кога во 1983 година одекна веста дека на чело на „Тетекс“ од Тетово, на местото на легендарниот Стојан Ѓорчевски, кој 24 години раководеше со текстилниот комбинат, доаѓа директорот на „Енергетика“, Глигорие Гоговски, многумина ги вртеа главите во неверување, затоа што во социјализмот тоа не беше нормална ротација. По три години од директорувањето со овој значаен стопански капацитет, господинот Гоговски веќе беше во фотелјата на претседателот на Владата на Македонија, како прв бизнисмен во нејзината историја. Имаше само 43 години. Дојде тивко, а од политичката функција си отиде, исто така, тивко и во бизнисот одработи уште полни 31 години. Имав чест, како претседател на Младинската организација на Македонија и на Југославија, да соработувам со овој господин, кој со работа започнуваше во 6:30 ч. наутро и кој секогаш беше деловно облечен според најнова мода. Го паметам по неколку работи.

Прво, имаше свој став кој јасно го декларираше: „Или вака или се враќам во ’Тетекс’“.

Второ, имаше неограничена упорност во изведувањето на проектите, и покрај огромните отпори. Пример, донесувањето на Законот за предвремено пензионирање со 60 години.

Трето, не тактизирајќи политички, во својот мандат ги донесе сите значајни акти што ја трансформираа државата од социјализам и федеративен статус во пазарна економија и сопствена држава. Тој за нас младите од тој период како да даваше надеж за некаков напредок во услови кога заедничката држава се распаѓаше на сите основи.

Кога тој процес заврши, мирно се врати на својата позиција во „Тетекс“ и продолжи да работи со исто темпо. Сум се сретнал со него стотина пати и секогаш беше одмерен, енергичен и самоуверен. Со моето доаѓање во Комората повторно ни се вкрстија патиштата и, како и претходно, секогаш беше професионален, прецизен и јасен.

Глигорие Гоговски беше човек и како и секој жив човек имаше и свои мани. Но тие мани беа минорни во однос на големите работи што ги направи и за бизнисот и за државата. Токму затоа, и како мој пријател, но и како активен член на Комората, заслужува почит.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

бизнисмен Бранко Азески Глигорие Гоговски џентлмен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.