Потврдени се некои случаи меѓу мажи кои имаат сексуални односи со мажи. Некои случаи се потврдени и кај луѓе коишто живеат во исто домаќинство со заразеното лице, посочуваат од CDC.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) го подигна нивото на аларм поради мајмунските сипаници и препорача носење маски во текот на патувањата, но предупреди дека не станува збор за истото ниво на загриженост како во случај на коронавирусот.

Симптомите на мајмунските сипаници на почетокот се слични на грипот, а потоа пациентите развиваат болен исип и лезии, како и отечени лимфни јазли, објаснуваат од CDC.

Периодот на инкубација меѓу изложеноста и појавата на првите симптоми може да трае три недели, според Светската здравствена организација.

Случаи на мајмунски сипаници се пријавени на сите континенти, освен на Антарктик.

– Потврдени се некои случаи меѓу мажи кои имаат сексуални односи со мажи. Некои случаи се потврдени и кај луѓе коишто живеат во исто домаќинство со заразеното лице, посочуваат од CDC.

Здравствените експерти наведуваат дека многу сексуално преносливи инфекции имаат сличен симптоми, а дека вистинскиот број заразени со мајмунските сипаници би можел да биде поголем.

Во САД е забележан 31 случај на мајмунските сипаници, според CDC.