Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги во текот на следната недела ќе ја донесе одлуката за цената што ќе ја плаќаат скопјани за парно греење во наредната сезона. Како што истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски до крајниот рок, односно до 31 мај, трите компании на централниот систем за греење ги доставиле своите барања. – Сите три компании бараат зголемување на цената на топлинската енергија. БЕГ бара зголемување од 1,82 отсто, ЕСМ Енергетика побара зголемување од 64,79 отсто, а Скопје-Север побара зголемување на крајната цена за 15,54 отсто, рече Бислимовски на денешната средба со новинарите. Тој, нагласи, дека цената…
Пратеникот Антонијо Милошоски, во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изрази задоволство што на вчерашната собраниска седница било прифатено да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија. – Дозволете на денешната прес конференција да го истакнам нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија. Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание…
Честа прв да настапи на олимписките борилишта во Токио ја има Борјан Бранковски и тоа во стрелаштво во дисциплината 10 метри со воздушен пиштол. Тој на линијата ќе се појави утре, на првиот официјален натпреварувачки ден и тоа со почеток од 6 часот наутро по македонско време. Нешто подоцна, во олимпиското пливалиште ќе настапи Филип Дерковски, кој ќе плива на 400 метри слободно, а чија трка се очекува нешто по 13 часот, објави порталот Sport1.mk Македонија ќе биде претставувана од осум спортисти на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио кои денеска ќе бидат свечено отворени. Церемонијата ќе започне во 13 часот,…
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во Општина Центар. Овластените општински инспектори за животна средина, заедно со одговорните лица од овластената лабораторија за мерење на бучава, со која Општина Центар има склучено договор, овие денови се повторно на терен. По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а уште два локали, Гнездо и Интермецо, добија Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина. По добивањето на Решенијата, угостителите имаат законски рок…
Топлотниот бран во една од најстудените области во светот предизвика шумски пожари и му се закани на сибирскиот град Јакутск со „воздушна апокалипса“. Најголема опасност претставува густиот отровен чад, предупредуваат службите за набљудување на атмосферата. Високото ниво на честички, а можеби и хемикалиите, вклучувајќи озон, бензен и водород цијанид, се причина за едно од најлошите глобални загадувања на воздухот во историјата. Локалните власти предупредија 320.000 жители да останат во затворен простор за да го избегнат задушувачкиот чад од пожарите, кои би можеле да го соборат минатогодишниот рекорд, пишува лондонски „Гардијан“. Сателитската анализа покажува дека во последните денови, нивото на ПМ…
Пожар избувна во шпанско-барокната палата од 2,4 милиони долари во луксузната населба Гарденс во Њу Орлеанс, сопственост на познатата двојка Џеј Зи и Бијонсе. Сведоци велат дека биле потребни 22 пожарникари и повеќе од два часа за да се спречи пожарот. Обемот на штетата сѐ уште не е одреден, но според очевидци, работите можеле да бидат многу полоши ако не била брзата реакција на пожарникарната служба. Раперот Џеј Зи и ар-ен-би пејачката Бијонсе се еден од најпознатите парови на американската цет-сет сцена.
Повредите се случуваат и на работа и во домашни услови. Гледаме најразлични типови на повреди, од оние на машини за сечење лимови, профили, дрва, циркулари, брусилици, машини за косење, машини за мелење пченка итн. Тие се случуваат на работните места, но почесто и дома кога пациентите сметаат дека самите можат да завршат некоја работа во дворот, најчесто без никаква заштитна опрема. Ние ги знаеме и типот на работата на машините, со што можеме и да претпоставиме каква ќе биде повредата и што да очекуваме. Секако ги имаме и повредите во домот и тоа од миксери, машини за мелење, сечење со…
Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија се влошува и дека веќе почнало полнење на болниците, како и зголемување на бројот на новозаболени. -Бројот на оние кои се во болници е се уште мал во споредба со некој период порано, но тоа ќе се промени и ќе почне полнењето на болниците. Всушност, тоа веќе започна …не можеме да чекаме четирицифрени броеви со истите мерки што ги имаме сега, изјави Кон и најави дека на 1 август, кога се очекува седница на Кризниот штаб за борба против короната, ситуацијата ќе биде поинаква и…
Почина Александар Стојановски (45), гинеколог и поранешен директор на Клиничката болница во Штип. Според информации на ТВ Стар, докторот починал вчера на плажа во Грција, од масивен инфаркт. Од штипската болница, од каде ја потврдија информацијата, велат дека се шокирани од ненадејната загуба. Д-р Стојановски токму пред неполна година ја завршил и специјализацијата по гинекологија.
Американскиот глумец Мет Дејмон повторно повика на борба против корона-пандемијата, а како едно од најефикасните оружја ја наведе вакцината. – Тешко ми е, имам неколку пријатели кои се имунокомпромитирани и не можат да се вакцинираат, така што немаат друг избор освен да се потпрат на нас останатите да си ја одработиме својата улога за да стигнеме до имунитетот на народот („толпата“). Така јас гледам на тоа. Би сакал да излезе овој народ и да рече: „Видете, ако сите го сториме ова, тогаш ќе се заштитиме едни со други подобро“, отколку – „Па, јас не сум во оваа група и не…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување на појавата и ширењето на Африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија,…
Речиси сите знамиња на светот се правоаголни, a само две се во облик на квадрат… Следат неколку занимливи факти за знамињата ширум светот. 1. Швајцарија и Ватикан имаат државни знамиња во облик на совршен квадрат. 2. Како што пишува „Квизклаб“, кога некоја земја избира симбол за своето знаме, тој обично носи посебно значење. На некои знамиња има животни, а на други – ѕвезди или други симболи. Некои земји пак, избрале измислени животни… На пр., знамето на Велс содржи змеј, а оние на Албанија, Србија и Црна Гора имаат двоглав орел. 3. Земјите обично користат бои поврзани со нивната историја. Тоа…