Author: НОВА ТВ Balaban

Дел од странските делегации присутни на Преспа форумот кој се одржува во Охрид, утрово за време на слободните часови за разгледување на градот и преубавите културно-историски и верски знаменитости, се соочија со ретка глетка. Имено низ центарот на градот, како од мајка роден, се шетал средовечен човек. Настанот бил пријавен од повеќемина во локалната полиција, која, и без тоа, има полн грст работа – да ги обезбедува ВИП личностите присутни на форумот и да се грижи за редот, мирот и сообраќајот. Лицето ѝ било познато на полицијата, било од Охрид кому оваа ,,прошетка„ не му била прва, само со тоа…

Read More

Државниот завод за ревизија на веб страницата го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2020 година. – Од извршената анализа на извештаите за пријавени обврски заклучно со декември 2020 година, ревизијата констатира дека од вкупно 1.380 субјекти, во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските (ЕСПЕО) податоци имаат доставено 1.047 субјекти односно 76 отсто согласно кои доспеани, а неплатени обврски се во износ од 17,8 милијарди денари, што е за 6,7 проценти повеќе во однос на 2019 година, се наведува во извештајот. Податоците за износот на обврските за 2020 година, се посочува, Министерството…

Read More

Комисијата за заразни болести в понеделник ќе разговара за воведување мерки во однос на заштита на границата против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека „засега не се планираат други рестрикции“. Тој потенцира дека во моментов Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и очекува до следниот петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани. – Сега сме фокусирани на вакцинацијата, која се одвива во сите пунктови во земјава. Поделени се сите вакцини, согласно…

Read More

Грчките власти воведоа нови мерки за патување во рамките на земјата, кои вклучуваат одредени ограничувања за одење на островите. Информацијата беше објавена во четвртокот на прес-конференција на грчкиот штаб за цивилна заштита. Од 5 јули, за патувања на островите ќе бидат потребни: – За возрасни: а) сертификат за вакцинација или за прележан ковид б) Негативен ПЦР тест во последните 72 часа в) Негативен резултат на брз тест во последните 48 часа – За деца од 12 до 17 години: Секој доказ, вклучувајќи го и оној од самоевалуација – Деца под 12 години: Бесплатно патување Следните острови се исклучени од овие…

Read More

82-годишната Вејли Фанк на 20. јули ќе патува во вселената заедно со Џеф Безос. Со ова таа ќе биде најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“. Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет организиран од компанијата за вселенски туризам, а покрај екипажот во тој лет ќе бидат и милијардерот Безос, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата, чие име сè уште не е објавено. Во 1960-тите, Фанк била учесник во програмата позната како „Меркур 13“ за испраќање на првите Американци во вселената, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како и…

Read More

Европската Унија може да поставува датуми, крајни рокови, одредници но не и нашата лоцираност бидејќи сме во центарот на Европа и не нашата култура и идентитет, изјави на Преспа форумот, Премиерот Зоран Заев. Нашата втора стратешка цел , покрај НАТО, е Европската Унија но поради непринципиелната позиција на Бугарија не се одржаа меѓувладините конференции на Европската Унија со Република Северна Македонија и со Албанија. „Пред две недели бев во Бугарија и покрај подадената рака и иако направивме зеаднички позитивен чекор и покрај јасните недвосмислени чекори од меѓународната заедница дека е сега време да се направи решение, Бугарија не направи сили…

Read More

Хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“, што ќе биде, практично, прва количина од оваа вакцина која би стигнала во нашата земја, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. На прес-конференцијата со хрватскиот министер Грлиќ, Филипче рече дека дека разговарале за епидемиолошката ситуација и за мерките. Споделиле, како што рече, некои искуства, видувања, предвидувања, планови за идниот период.  – Хрватска се покажа како еден многу добар менаџер во текот на почеток на кризата кога го водеа – претседателствуваа со ЕУ, а тоа беше првата…

Read More

За евентуални мерки за делта-сојот ќе се разговара в понеделник. Сите препорачани мерки се доволни, но нема план за некакво засилување. Единствено, би разговарале во однос на штитењето на границите. Да се процени ризикот и дали тоа е вистинска мерка со која можеме да се заштитиме од делта-сојот, одговори денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по заедничката прес-конференција со хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ, во врска со донацијата на вакцини на „Астра Зенека“ од Хрватска. Во земјава вчера пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“, коишто од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, соопштија од ОЈО Скопје. Со ова странскиот државјанин го сторил кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.​​

Read More

Италијанските и албанските полициски сили и правосудните органи, денеска, во раните утрински часови спроведоа заедничка операција под кодно име „Душа“, во која се уапсени 38 лица за корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и меѓународна трговија, а запленето е и значително количество наркотици. – Апсењата се извршени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и Италија. Апсењата се извршени по наредба и соработка на албанското специјално обвинителство (СПАК), италијанската антимафија, полициската канцеларија за координација во Тирана, албанската полиција и Еурјуст, пренсува Ора њуз Исто така, се спроведуваат одлуки за заплена на средства, за кои постои сомневање дека потекнувале од криминални активности…

Read More

Романски милијардер, Мирчеа Попеску, кој е еден од најголемите сопственици на најпопуларната криптовалута Биткоин, мистериозно се удавил во Костарика, а неговата смрт создаде хаос на пазарот на криптовалути. Mилијардерот Попеску (40) се удавил во Плаја Хермоза де Гарабито во Костарика, а неговата смрт предизвикала неизвесност за крипто-валутата од милијарда  долари, што ја оставил зад себе, објавија шпанските медиуми. Станува збор за претприемач и блогер. Ја започнал берзата МПЕк во 2012 година. Неговото богатство кон средината на април годинава  вредело скоро две милијарди долари во биткоини, но, оттогаш, веројатно драматично се намали. Тој, наводно, имал контрола над повеќе од милион монети.

Read More