Европската Унија може да поставува датуми, крајни рокови, одредници но не и нашата лоцираност бидејќи сме во центарот на Европа и не нашата култура и идентитет, изјави на Преспа форумот, Премиерот Зоран Заев. Нашата втора стратешка цел , покрај НАТО, е Европската Унија но поради непринципиелната позиција на Бугарија не се одржаа меѓувладините конференции на Европската Унија со Република Северна Македонија и со Албанија.

„Пред две недели бев во Бугарија и покрај подадената рака и иако направивме зеаднички позитивен чекор и покрај јасните недвосмислени чекори од меѓународната заедница дека е сега време да се направи решение, Бугарија не направи сили да го измени ставот за зачленување во ЕУ. Одлуката беше големо разочарување, неуспех за политиката на проширување на ЕУ и лоша порака од ЕУ за регионот, “ изјави премиерот Заев.

Европската Унија мора да ја редефинира својата позиција и да се врати на постулатите на Шуман и Аденауер. Колку се постабилни трансатлантските релации толку е постабилен и Западен Балкан. Балканот е Европа. Америка се враќа назад, Балканот се враќа назад и ЕУ треба да се врати назад за заедно да се придвижиме нанапред, изјави премиерот Заев во своето обраќање на Преспа форумот.