Author: НОВА ТВ Balaban

По средбата, предвидена е и аудиенцијата кај папата Франциск, на која заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевски, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Почна тет-а-тет средбата на премиерот Димитар Ковачевски со папата Франциск во Ватикан. Средбата се реализира во рамките на официјалната и работна посета на делегацијата на Северна Македонија во Ватикан и Рим, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. По средбата, предвидена е и аудиенцијата кај папата Франциск, на која заедно со…

Read More

Токму така завршија повеќето други пандемии со респираторни вируси. Тие се шират како оган и потоа, на крајот, повеќето луѓе или се вакцинираат или се заразиле и кога населението го достигнува колективниот имунитет, пандемијата завршува, вели во интервјуто за НоваТВ проф.д-р Драган Даниловски, епидемиолог. Во оваа ендемична фаза, вирусот ковид-19 веќе ја постигна својата цел да воспостави рамнотежа со својот домаќин – луѓето. Може лесно да се шири меѓу домаќините, но контрапродуктивно му е да ги убива, па затоа (ќе) живее меѓу нив. Вирусот има мутирано до тој степен што сега избира да живее меѓу нас, без да предизвика многу проблеми. За возврат, треба да научиме да живееме со него, како да е само уште една обична настинка.…

Read More

Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претпријатија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови, информира Бектеши. Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинствата, малите и микро претрајтијата. – Финализиран е новиот модел на…

Read More

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2022 година, изнесува 31.080 денари, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Ова значи и реализација на клучно ветување за просечна месечна нето-плата од 30.000, што веќе евидентирано ја надминува поставената цел. Во однос на март 2021 година, истата е зголемена за 10,1% или за 2.863 денари, соопштија денеска од Владата. Согласно статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со…

Read More

Покрај истакнатиот нобеловец Пол Кругман, меѓу потврдените учесници на Конференцијата, се повеќе истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери…, кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на една од осумте панел-дискусии на СЕФФ2022 Поранешните министри за финансии вчера се состанаа со министерот за финансии Фaтмир Бесими во рамки на Скопје Економскиот Финансиски Форум. Цел на средбата е да се искористи нивното искуство и знаење при конципирање на програмските цели на СЕФФ. Целта на СЕФФ е да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе бидат добар одговор на предизвиците со кои се соочуваме, но и на…

Read More

Бектеши апелира граѓаните да не стравуваат зашто, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини. Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата на денешната седница ќе го разгледа ребалансот на Буџетот, но ќе расправа и околу потребата од евентуално продолжување на кризната состојба. Бектеши апелира граѓаните да не стравуваат зашто, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини. -Во моментот Комисијата ги разгледува сите опциии – дали треба да продолжи кризната состојба или не, ако треба да се продолжи или тоа се предлага од институциите, тоа треба да го направи Собранието.…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции. Регистрирани се 87 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.…

Read More

Лаура Паузини, пејачка и годинешната водителка на Евровизија, е во изолација поради коронавирусот. Пред само шест дена, таа беше во контакт со претставниците на речиси сите делегации на земјите учеснички на фестивалот. Веста дека е позитивна на вирусот, таа ја потврди и преку Инстаграм. За време на гласањето Лаура ја немаше одредено време, таа била позади сцената да одмори малку. Но, произлезе дека тоа биле првите симптоми на коронавирус.

Read More

Една од жртвите се наоѓа во критична состојба. Норвешката полиција соопшти дека набрзо по нападот, го уапсила осомничениот за инцидентот што се случи во Нумедал, на југоистокот од Норвешка. Најмалку четири лица се повредени во нападот со нож, а една од жртвите се наоѓа во критична состојба. Случајот во полиција бил пријавен утрово во 8:50 часот по локално време, а на местото на настанот набргу стигнале неколку амбулантни возила и три хеликоптери. Како што претходно објавивме, најмалку четири лица се повредени во напад со нож во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.

Read More

На граѓаните им препорачуваат да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата. Кај нас досега не е евидентиран сомнителен случај на мајмунски сипаници, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција и додаваат дека во соработка со европските организации, но и СЗО и внимателно ја следат ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, на граѓаните им препорачуваат да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата. Објаснуваат дека првиот случај на мајмунските сипаници беше регистриран на почетокот на месецов во Велика Британија кај лице кое…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции. Регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид – по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип – по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово – по 2, Куманово, Струмица и Струга – по 1.…

Read More

Синоќа околу 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Република Грција. Тој се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот. Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More