Author: НОВА ТВ Balaban

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно  на 21.05.2022 (сабота) и на 22.05.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Ова е  трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а првото на  29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес, информираа денеска од Град Скопје. Доколку временските услови се неповолни,  авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Read More

Четири регулаторни тела од регионот меѓу кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора како и Асоцијацијата на Регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG) во Тирана потпишаа Меморандум за соработка во областа на водните услуги. Регулаторите се обврзаа и формално преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на Европската Унија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој е воедно и потписник на Меморандумот посочи дека документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување…

Read More

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот, информираат од Општината. Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи: Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром; Фотокопија од…

Read More

Вицегувернерката истакнува дека ако се анализира нашата просечна инфлација во април од 8,4 отсто, половината е резултат на растот на цените на храната. Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4 отсто во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50 отсто, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински брифинг“. Вицегувернерката, сепак, истакнува дека по глобалниот раст, меѓународните…

Read More

Мајмунските сипаници се ретка вирусна инфекција слична на човечките сипаници, иако поблага, а првпат беше пријавена во Демократска Република Конго во 1970-тите.  Португалските власти денеска соопштија дека регистрирале пет случаи на ретка инфекција со мајмунски сипаници. Сите петмина пациенти кај кои болеста е потврдена (од 20 сомнителни случаи) се мажи и сите живеат во регионот на Лисабон и долината Тејо и се во стабилна здравствена состојба, соопштија португалските здравствени власти. И шпанските здравствени служби тестираат осум потенцијални случаи, но кај ниту еден од нив не се потврдени мајмунски сипаници, соопшти денеска Министерството за здравство на Шпанија. Двете земји испратија предупредувања до здравствените…

Read More

На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на  магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје. По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле…

Read More

На 17.05.2022 во 14,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Призренска“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје. С.Г. била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Read More

Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора. По двегодишна пауза заради пандемијата со коронавирус ковид-19, овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 20.05.2022 година, точно напладне, во 12:00 часот. Во Скопје „Матурската парада“ ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“. Во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип…

Read More

Одронот кој вчера попладне падна на коловозот во близина на граничниот премин „Блаце“ сѐ уште не е целосно расчистен и возилата се пропуштаат наизменично во двата патни правци, информираат денеска од АМСМ. Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Вицепремиерот Маричиќ ѝ посака добредојде и изрази големо задоволство од нејзината средба, посочувајќи дека посетата на премиерката Брнабиќ, во време на предизвиците со кои се соочува Европа и регионот, ќе ја искористат да разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“. Брнабиќ  прво ќе оствари работна средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која присутен ќе биде и вицепремиерот Маричиќ. Брнабиќ заедно…

Read More

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на патот кон ГП Блаце има одрон во близина на м.в. Вражји Вир. „Сообраќајот е во прекин во двата правци. На граничниот премин не се пропуштаат возила бидејќи кај местото на одронот се уште не е проодно“, стои во соопштението на АМСМ.

Read More

Минатата ноќ околу 00.30 часот беше снимена мечка како трча низ битолската населба Буковски ливади, објави веб-порталот „Апла.мк“. Мечка се симнала во градот, а ова не е првпат, затоа што и во минатото се случувале идентични работи, при што граѓаните пријавувале штети. Во продолжение видеото.  https://youtu.be/gaHJ8JuLMTc

Read More